Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.05.2012, 12:31
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката



Поднесе кривична пријава за клевета против Нафисатоу Дијало со барање за отштета

ЊУЈОРК – Доминик Строс-Кан поднесе тужба против собарката која го обвини дека сексуално ја нападнал, наведувајќи дека сериозно го повредила неговиот углед со, како што тој ги нарекува, лажните тврдења. Поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд и кандидат за претседател на Франција во понедленикот возврати на парницата на собарката Нафисатоу Дијало против него со негирање и кривична пријава за клевета со барање за отштета од еден милион долари, точно една година откако таа и кажа на полицијата дека тој се обидел да ја силува во неговата хотелска соба во Менхетн. Тој вели дека се' што се случило било со обострана согласност.

Тој беше уапсен, се повлече од ММФ, помина неколку денови во затвор и три месеци во домашен притвор пред обвинителството да се откаже од гонење, наведувајќи дека ја загубило довербата во чесноста на Дијало бидејќи лажела за нејзиното минато и го промени својот исказ за тоа што направила веднаш откако ја напуштила собата на Строс-Кан.

Иако обвинителството не кажа дека веруваат оти таа ги превртела фактите, одбраната на Строс-Кан ги собори нејзините тврдења како намерни лаги. „Како директен резултат на нејзините злонамерни и неморални лажни обвиненија, Строс-Кан претрпе... значителна штета по неговаиот професионален и личен углед во САД и низ светот“, се наведува во поднесокот до судот напишан од адвокатите Вилијам Тејлор, Хју Кемпбел и други. За него прво информираше „Њујорк пост“.

Еден од адвокатите на Строс-Кан изјави дека контратужбата не треба да биде никакво изненадување за Дијало. „Таа е директно одговорна за неговото апсење, затворање и подложување на неверојатна болка, страдање и трошоци“, наведува во соопштението Вилијам Тејлор Трети. „Нејзиното однесување не е без последици за неа и од него не се бара да го издржи она што таа го направи и нејзините напори да профитира без да го возрврати ударот“.

Дијало (33), рече дека кога пристигнала да го исчисти апартманот на Строс-Кан, тој наеднаш почнал да ја брка, обидувајќи се да и ги соблече хулахопките и да ја присили на орален секс. Таа наведе дека меѓу другите повреди, и бил искинат лигаментот на рамото. Асошиетед прес обично не ги именува луѓето кои пријавуваат дека биле сексуално нападнати освен ако тие не излезат сами пред јавноста, како што тоа беше случај со Дијало.

Женетиот Строс-Кан (63), призна дека имал сексуален однос и тоа го оцени како „морален неуспех“, но инсистираше на тоа дека не бил со присила. Во неговата тужба се наведува дека тој и Дијало „имале сексуален однос со обострана согласност“ и додаде дека таа „на никаков начин не била повредена“.

Во тоа време Строс-Кан се сметаше за водечки кандидат на социјалистите кој ќе го порази конзервативниот француски претседател Никола Саркози. Социјалистот Франсоа Оланд минатата недела победи на претседателските избори. (АП)

Статијата е прочитана 1039 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број у��еници на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |