Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.05.2012, 12:44
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна



Хашкото обвинителство денеска во продолжението на уводните зборови на судењето на Ратко Младиќ ја истакна одговорноста на воениот командант на Војската на Република Српска (РС) за Сребреница, нагласувајќи дека „само војска која строго се контролира од самиот врв би можела успешно да изврши убиство на 7.000 луѓе за само четири дена“.

Обвинителството најавува дека ќе докаже дека Младиќ командувал со силите и бил „лично на теренот и лично вмешан“ во злосторствата во Сребреница.

- Силите на Младиќ во јули 1995 година ги протерале цивилите од Сребреница и убиле околу 7.000 мажи и момчиња. Жените, децата и повозрасните лица едвај преживувале во бегалските кампови, Тоа беше и останува геноцид, изјави обвинителот Питер Меклоски.

Според него, по 17 години истрага доказите за ова злосторство се толку бројни што се неоспорни - од 11 до 14 јули се убиени околу 7.000 луѓе, додека 5.977 се ексхумирани од масовните гробници поврзани со Сребреница.

Обвинителот најави изведување на „многубројни сведоци од редовите на Војската на РС и МВР“, кои ќе сведочат за злосторствата во кои и самите учествувале.

- Но морам да ве предупредам дека повеќето од овие сведоци нема да ви ја кажат целата вистина. Поради тоа ќе бараме да им се испрати официјално предупредување, истакна Меклоски.

Тој нагласи дека наредбите кои „во најголема мерка се злосторнички, во оваа воја биле давани усмено, а голем број релевантни документи се уништени или скриени“.

- Сепак Обвинителството има искази од војници кои ги извршиле убиствата, офицери кои ги надгледувале егзекуциите, документи, разговори, видео снимки на две убиства, додаде Меклоски.



Статијата е прочитана 1178 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |