Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.05.2012, 13:46
Грција доби чиновничка влада



Нов премиер е претседателот на Советот на државата, Панајотис Пикраменос

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Грција ќе има нова чиновничка, влада која ќе ја раководи државата до распишување на следните избори. Нов премиер е претседателот на Советот на државата, Панајотис Пикраменос. Пикраменос денеска се сретна со грчкиот претседател Каролос Папуљас за да се договорат новите членови на оваа преодна влада, чиј рок на траење завршува најверојатно на 17 јуни кога се очекува да бидат новите парламентарни избори.

Пикраменос, чие име во превод значи горчлив, нешто што грчките граѓани го гледаат и како соодветна симболика на нивната сегашна ситуација, е правник по професија. Роден е во 1945 година, има завршено Правен факултет на Атинскиот универзитет, а постдипломските студии по јавно право ги завршил на Универзитетот во Париз. Пикраменос од 1992 до 1993 бил дел од правниот кабинет на грчкиот премиер, а во периодот од 2005 до 2010 година бил директор на националната академија за судии. Од 2010 е избран за претседател на Советот на државата, каде што ќе остане на функција до 2014 кога се очекува да се пензионира.

Одлуката за Пикраменос падна по едночасовни расправии меѓу политичките лидери во кабинетот на претседателот Папуљас. Свои предлози за нов премиер и членовите на новата влада пред Папуљас ги изложија Адонис Самарас, лидерот на Нова демократија, Евагелос Венизелос на ПАСОК, Алексис Ципрас лидерот на СИРИЗА, Фотис Кувелис од Демократска левица, лидерката на комунистичката партија Алека Папарига, како и лидерот на десничарската Независни Грци, Панос Каменос. Лидерите дури ни на оваа средба не можеле да се согласат во мирна клима околу името на новиот премиер, по што Папуљас го предложил Пикраменос, кој според грчкиот устав заедно со главниот судија на Врховниот суд беше еден од лицата кои е можно да бидат поставени на челото на чиновничка влада. Она што е интересно е дека на оваа средба се споменувало и името на Лукас Пападимос во предлог досегашниот премиер да остане на чело на владата до новите избори. Со предлогот Пападимос да остане премиер се согласиле Самарас и Венизелос, а во одреден момент и Ципрас, кој потоа бил критикуван дека се' до вчера говорел против Пападимос и барал негова итна промена. Грчките медиуми минатата недела шпекулираа дека можно ќе беше Пападимос да одбие да продолжи неговата функција поради начинот на кој се развиваа разговорите меѓу грчките политички лидери и Папуљас и штетата која ова ја има направено за Грција во очите на меѓународната јавност.

Лидерите и Папуљас разговарале и за улогата која ќе ја има оваа влада, односно дали ќе смее да носи големи државни ��длуки. Од комунистичката партија посочиле дека владата не треба да има толку одврзани раце, односно да има само техничка улога и доколку дојде до потреба да се донесат големи важни одлуки, тогаш тоа да се одлучи повторно во консултација со претседателот и сите партии. Одлуката каква ќе биде владата се очекуваше да се знае по нејзиното целосно формирање. До затворање на весникот не беа познати новите членови на владата, за кои сам ќе одлучува Пикраменос.

Новиот премиер и новата грчка влада треба да дадат заклетва најдоцна до 10 часот денес, за кога се очекува и прв пат да се собере новото грчко Собрание. Според правилата на грчкиот Устав, избраните пратеници на изборите денес мора да поднесат заклетва, а потоа ќе бидат распуштени и ќе бидат и официјално распишани избори. Грчките медиуми пренесуваат дека на новите 300 пратеници нема да им биде исплатен пратеничкиот надоместок за државата да не се оптоварува со дополнителни трошоци.









Статијата е прочитана 1386 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |