Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
18.05.2012, 14:18
Дона Самер жртва на токсичниот прав од нападите на 11 септември



Познатата американска музичка ѕвезда на седумдесетите и осумдесетите години на 20 век, умре вчера во 63 година од животот, од рак на белите дробови

„Кралицата“ на диско музиката, Дона Самер е, најверојатно, жртва на токсичниот прав, што се создаде во Њујорк, по терористичкиот напад од 11 септември 2001 година и соборувањето на облакодерите „близначки“ од Светскиот трговски центар, пишува лондонски „Сан“.

Оваа позната американска музичка ѕвезда на седумдесетите и осумдесетите години на 20 век, умре вчера во 63 година од животот, од рак на белите дробови.

Во време на нападите од пред безмалку 11 години, Дона Самер била во Њујорк, во нејзиниот стан што се наоѓа сосема блиску до местото каде се урнаа двата облакодера и каде имаше најголема концентрација на прав во воздухот и густ пепел по улиците, тротоарите и околните згради.

Таа самата им зборувала на своите најблиски и на пријателите, дека ракот од кој е заболена е директна последица од вдишувањето на отровните состојци во правот, што се ослободи, откако исламските терористи го соборија њујоршкиот трговски центар.

Во овој напад имаше дури три илјади жртви, но и сега, по речиси 11 години, се уште умираат луѓе, како директна последица на она што се случи на 11 септември 2001 година и големото загадување што го предизвика уривањето на облакодерите. Дури илјада луѓе се умрени во изминатите години, од правот што го имаат вдишено, а за 350 од нив е утврдено дека умреле од рак на белите дробови, или на органите за дишење.

Лондонскиот весник открива дека истражувањето што го имаат направено американските здравствени власти покажало оти значително е зголемен бројот на заболени од рак, меѓу полицајците и пожарникарите кои беа на местото од терористичкиот напад во Њујорк.







Статијата е прочитана 1306 пати.

Испрати коментар



„Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“ промотивно на Канскиот фестивал
Замина писателот Карлос Фуентес
(ВИДЕО+ФОТО) Калиопи ја имаше втората проба во Баку
Владо Јовановски и Наташа Петровиќ во „Соба со пијано“
Нова колекција HP преносни компјутери
„Лебедово езеро“ на „Мајски оперски вечери“
Почина Дона Самер, кралицата на диско-музиката
Филмскиот фестивал во Кан почна со комедија и хаос
Два македонски филма наградени во Монако
Обложувалниците велат - Шведска прва, Хрватска последна
Проклетството продолжува - Мери Кенеди пронајдена мртва
Канал 103 со концерт го прославува 21. роденден
Македонски уметници со Македонската филхармонија
„Оф-фест“ го продолжува програмското шаренило
„Заливот на Коските“- најпосетен локалитет во Охрид
„Санитарна енигма“ на Котеска промовирана во Бугарија
Музичкиот гениј Чили Гонзалес ќе работи на „Соба со пијано“
Маџиров - Не можам да избегам од јазикот како мој дом
„Мунрајс Кингдом“ денеска го отвора 65. Кански фестивал
„Некст тајм“ ја „напаѓа“ Романија
Анџелина Џоли му купи хеликоптер на Бред Пит
Софиската филхармонија го отвора „Скопско лето“
(ФОТО+ВИДЕО) Моќен глас за Македонија!
Марина Абрамовиќ со почесен докторат во Куба
Филмски фонд на Македонија на Канскиот филмски фестивал
Џесика Симпсон заработи пет милиони долари од бременоста
„Одмаздници“ направи бум и во Скопје
Ирена Којкова Пејович на три групни изложби во САД
„Фолтин“, Тони Зен и „Фулстоп“ настапија во чест на Денот на Европа
Калиопи летна за Баку
Ноќ на легендите во Кинотека
„Хенри Шести“ во „Глоуб“ поздравен со овации
Премиера на два кратки филма во кино „Милениум“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |