14.05.2012, 15:22 Џесика Симпсон заработи пет милиони долари од бременоста
Американската пејачка, актерка и ТВ-водителка Џесика Симпсон профитираше од раѓањето на својата ќерка Максвел Дру Џонсон, заработувајќи речиси пет милиони долари
Како што објавуваат американските таблоиди, Џесика и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон само од продажбата на првите фотографии на нивната ќерка на магазинот „Пипл“ заработија 800.000 долари. Дополнително, за симнување на вишокот килограми наталожени за време на бременоста, Џесика доби уште четири милиони долари, колку што вреди нејзиниот договор со компанијата за диететски производи „Вејт вачерс“. Медиумите забележуваат дека Џесика и Ерик, сепак, заработиле помалку на нивната ќерка од двојките Џенифер Лопез - Марк Ен��они и Анџелина Џоли - Бред Пит, кои за првите фотографии на своите новороденчиња добија шест, односно 11 милиони долари.
|