Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.05.2012, 18:04

„Заливот на Коските“- најпосетен локалитет во Охрид

На зголемениот интерес влијаел и неодамна емитуваниот документарен филм за охридскиот професионален нуркач Милутин Секулоски-Мичо

Охрид - Археолошко-туристичкиот комплекс „Заливот на Коските“ (Музејот на вода) со своите куќички - наколни живеалишта, кои охридскиот градоначалник ги нарекува „Колибите на Паско Кузман!“, и натаму го држи го рекордот на посетеност, пред сите останати знаменитости на македонската историја и култура во Охрид, тврдат од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Охрид. Досега овој локалитет го посетиле 150 илјади туристи, а рекордната бројка на посетители се илустрира со продадените влезници од кои минатата година се инкасирани над 4 милиони денари.

„Минатата година за Музејот на вода имавме рекордна посетеност, како од странските, така и од домашните гости. Привлечни за посетителите беа и други места, но, сепак, убедливо води овој локалитет“, вели Тања Паскали-Бунташеска, директорка на Заводотот и Музеј од Охрид.

На зголемениот интерес влијаел и неодамна емитуваниот документарен филм за охридскиот професионален нуркач, Милутин Секулоски-Мичо каде што, меѓу другото, се прикажани и подводните активности околу „Заливот на Коските“. Филмот е во продукција на Македонската радио-телевизија и е работен по сценарио на охридскиот новинар Сашо Нелоски. Со овој локалитет се' повеќе се запознава и јавноста на Балканот и пошироко, додека самиот локалитет е предизвик и за нуркачите од поранешните југословенски републики.

„Станува збор за документарен филм во кој се откриваат тајните на Охридското Езеро на подводниот локалитет кај Градиште. Тој е сторија за тоа како течеа сите подводни архелошки истражувања“, вели Милутин Секулоски-Мичо.

Музејот на вода е еден од ретките од ваков вид во Европа и претставува впечатлива туристичка дестинација која раскажува за животот на населението во дамнешни времиња. Комплексот содржи три просторни целини: праисториска наколна населба над водите од езерото, римски кастел на зарамнетото плато од ридот Градиште и копнен пристапен и музејски простор со инфраструктурна архитектура.

Странските туристи спаѓаат меѓу најмногубројните кои земаат часови по нуркање, а нуркачите кои еднаш тука нуркале, сакаат повторно да го посетат. Самото место е посебно по тоа што старите предмети под вода стоеле доста долг период.

„Тоа е како да нуркате во праисторијата. Тоа е стар подводен локалитет, некаде околу 3.500 години. Има изобилство на керамички садови, фрагменти на керамика, камени секири, ножеви и целиот подводен амбиент се одликува со една стара културна средина“, д��дава Милутин Секулоски- Мичо. (В.М.)


Статијата е прочитана 2018 пати.

Испрати коментар



Драмска изведба на поемата „Ако“ вечерва во КИЦ
„Оф-фест“ го продолжува програмското шаренило
Доделување награди по повод 18 Мај
Создавањето е победа над светот на догмите
Македонски уметници со Македонската филхармонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |