(ВИДЕО+ФОТО) Калиопи ја имаше втората проба во Баку
„Со најзиниот шарм и пријателска настроеност, Калиопи стана омилена кај новинарите во Баку“, пишува евровизискиот сајт eurovision.tv
Македонската претставничка на Изборот за Песна на Евровизија ја имаше втората проба на сцената на импозантната арена „Кристал хол“ во Баку, Азербејџан. „Со најзиниот шарм и пријателска настроеност, Калиопи стана омилена кај новинарите во Баку“, пишува евровизискиот сајт eurovision.tv, кој констатира дека сепак ќе треба да почекаме до првата проба на гардероба за да ја видиме комплетната слика на Калиопи и нејзиниот тим.
Во главниот град на Азербејџан, се е подготвено за 57. издание на изборот за Песна на Евровизија. Градот, светнат и нашминкан, ги дочекува делагациите од 42 земји учеснички, како и многубројни фанови кои секојдневно пристигнуваат. Првото полуфинале е закажано за 22 мај, а второто, кога настапува и македонската претставничка Калиопи е на 24 мај. Во финалето (26 мај) влегуваат по десет земји од двете полуфиналиња плус пет земји кои се директни финалисти.