16.05.2012, 14:57 „Санитарна енигма“ на Котеска промовирана во Бугарија
Книгата, која е преведена на бугарски јазик, вчеравечер беше промовирана и во Центарот за култура и дебата „Црвената куќа“ во Софија
Јасна Котеска, професорка на Филолошки факултет во Скопје, утре ќе ја промовира својата книга „Санитарна енигма“ меѓу студентите и своите колеги професори од Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград.
Книгата, која е преведена на бугарски јазик, вчеравечер беше промовирана и во Центарот за култура и дебата „Црвената куќа“ во Софија, од претставници на издавачката куќа „КХ-Критицизам и хуманизам“ и директорот на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.
Котеска е авторка и на книгите „Македонското женско писмо“ и „Комунистичката интима“. (К.Р.)
|