17.05.2012, 11:45 Роуз ќе паузира и цела наредна сезона?
Трикратниот Ол-стар играч и носител на МВП наградата за ланската сезона се повреди минатиот месец за време на првиот меч од разигрувањето за шампионскиот прстен во НБА лигата
Плејмејкерот на Чикако, Дерик Роуз би можел да отсуствува од кошаркарските терени речиси цела година по хируршката интервенција на предните вкрстени лигаменти во коленото.
Трикратниот Ол-стар играч и носител на МВП наградата за ланската сезона се повреди минатиот месец за време на првиот меч од разигрувањето за шампионскиот прстен во НБА лигата. Доктор Брајан Кол, кој го оперира викендот, вели дека Роуз се наоѓа пред долг процес на рехабилитација.
"Временската рамка што е потребна за санирање на повреда кај спортист од ваков калибар е околу 12 месеци. Некогаш тој период е нешто покус, но некогаш и нешто подолг. И додека се надеваме дека ќе биде на високо ниво за осум до 12 месеца, можеби ќе биде потребно малку повеќе време да го достигне нивото на кое беше пред повредата. Тоа не е ништо невообичаено", изјави Кол.
Во најдобар случај Роуз може да пропушти неколку месеци во новата сезона што по традиција стартува кон крајот на октомври, во најлош случај, пак, тој може да отсуствува цела сезона што ќе претставува голем удар за амбициите на "биковите".
|