13.05.2012, 10:41 Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето на Западот
Во мајсторката од 1.коло во плеј-офот ноќеска во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, „езерџиите“ го совладаа Денвер со 96:87 и со 4-3 во победи се пласираа во следната рунда
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс изборија пласман во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, откако во мајсторката од 1.коло во плеј-офот ноќеска во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес го совладаа Денвер со 96:87 и со 4-3 во победи се пласираа во следната рунда.
Предводник во победата на „езерџиите“ беше По Гасол со 23 поени, 17 скокови и 6 асистенции, додека Мета Ворлд Пис го одигра првиот натпревар по суспензијата од седум натпревари. Бостон поведе со 1-0 во полуфиналето на „Исток“ против Филаделфија откако ноќеска го д��би првиот натпревар со 92:91. Најзаслужен за победата беше Раџон Рондо, кој го оствари 18.от „трипл-дабл“ во кариерата во плеј-офот. Рондо натпреварот го заврши со 13 поени, 12 скокови и 17 асистенции.
Вечерва се играат два натпревара: „мајсторката“ од 1.коло Мемфис – Лос Анџелес Клиперс (3-3 во победи) и првиот дуел од втората рунда Мајами – Инадијана.
|