Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
14.05.2012, 14:43
Тошак: Младите заслужуваат шанса



Македонскиот селектор го објави списокот на фудбалери со кои ќе се спротивстави на Португалија и на Ангола на крајот на месецот

Во најновите предизвици од пријателски карактер националниот фудбалски тим на Македонија ќе влезе со освежен и по малку неочекуван лик. Селекторот Џон Тошак денеска го соопшти списокот со 22 фудбалера кои ќе заиграат на контролните натпревари со Португалија на 26 мај во Леирија и против Ангола на 29 мај во Есторил. Логично и нормално е предводникот на репрезентацијата да експериментира на овие мечеви, на три месеци до почетокот на мундијалските квалификации. Неочекувано и ново е тоа што во списокот стојат имињата на шестмина играчи од репрезентацијата до 21 година, а двајца од нив прв пат се повикани ��а А-тимот.

„Сакам да ги имам предвид сите опции за да го направам најдоброто во иднина. Во моментов сметам дека е подобро да им дадам шанса на помладите. Јас како селектор на национален тим не можам да купувам играчи и да прават трансфери и затоа единствениот извор на нови фудбалери се младите репрезентации. Младите играчи одиграа со срце против Северна Ирска и затоа заслужуваат шанса“, објасни Тошак зошто ги земал предвид Спирковски, Ристовски, Хасани, Фазли и дебитантите Урдинов и Таири.

Имајќи предвид дека Лазевски е повреден, а Попов, најверојатно, нема да биде доволно закрепнат, Јани Урдинов би можел и да заигра бидејќи е единственото преостанато решение на левата бековска позиција. Таири и Спировски треба да бидат свежа крв на местото последен играч за врска и да го наметнат својот квалитет во ситуација кога стандардниот Шумуликовски нема да игра поради обврски во Тијанџин.

Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 21 мај во Скопје, а три дена подоцна ќе отпатува за Порто. Ибраими и Демири поради клупски обврски, а Тричковски од семејни причини, ќе се приклучат на експедицијата директно во Португалија.

Голмани: Един Нурединовски (Етникос/Кипар), Мартин Богатинов (Карпати/Украина)

Одбрана: Бобан Грнчаров (Лирс/Белгија), Даниел Георгиевски (Шибеник/Хрватска), Николче Новески (Мајнц/Германија), Ванче Шиков (Волин Луцк/Украина), Даниел Мојсов (Војводина/Србија), Стефан Ристовски (Фросиноне/Италија), Владимир Димитровски (Млада Болеслав/Чешка), Јани Урдинов (Екранас/Литванија), Горан Попов (Динамо Киев/Украина)

Среден ред: Никола Глигоров (Алки/Кипар), Мухамед Демири (Тун/Швајцарија), Марио Ѓуровски (Муангтонг/Тајланд), Стефан Спировски (Борац Чачак/Србија), Фљамур Таири (Теута/Албанија)

Напад: Горан Пандев (Наполи/Италија), Иван Тричковски (АПОЕЛ/Кипар), Ферхан Хасани (Волфсбург/Германија), Самир Фазли (Херенвен/Холандија), Агим Ибраими (Марибор/Словенија), Филип Ивановски (Вардар/Македонија). (В.А.)









Статијата е прочитана 858 пати.

Испрати коментар



Индијана поведе против Мајами
Ливерпул го отпушти Кени Далглиш
МЗТ Скопје со Тодоров ќе „плови“ по Јадранот
Роуз ќе паузира и цела наредна сезона?
Оклахома со пресврт до втора победа над лејкерси
Без Илиевски со Литванија
Челзи тренира пенали
Шпанецот Родригеш петти лидер
Томе Пачовски потпиша за Мехелен
Индијана оствари гостинска победа против Мајами
Фортуна Дизелдорф нов бундеслигаш
Малдонадо сега ја посакува и титулата во Ф1
Македонија против Роналдо во Леирија
Пронајден мртов играч на Стабаек
Тевез со транспарент „Ферги, почивај во мир“
Азар се сели во Манчестер
Меси и официјално со „Златна копачка“
Оклахома убедлива против Лејкерси
Клиперси на мегдан на Сан Антонио во западното полуфинале
Олимпијакос ја крена Грција на нозе
Фергусон - Сити може да не стигне, но за 100 години
ФОТО - Антиќ и Спанулис слават со македонско знаме!
Шеста шампионска титула за Вардар
Перо Антиќ со Олимпијакос на кровот на Европа!
Манчестер Сити шампион во чудесна завршница
Сензационален триумф на Малдонадо во Каталуња
Раул ќе ја продолжи кариерата во Катар
Борусија го уништи Баерн во финалето на Купот
Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето на Западот



Fan, 14.05.2012 18:34:29
samir fazli ima li 5 nastapi godinava ? sredinot red za placenje !!! daj boze nekoja kazna od 3 godini od uefa da dobieme da se icisti skros cela federacija!! za lek da gi davaat parite tie sto zimaat za da pisat nekoj na spisok u reprezentacija !!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Облачно

Петок
Ветровито
Макс: 19°C, Мин: 7°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |