13.05.2012, 11:45 Борусија го уништи Баерн во финалето на Купот
„Милионерите“ на импресивен начин стигнаа до двојната круна во Германија, демолирајќи го Баерн во завршниот меч од Купот во Берлин со 5:2
Фудбалерите на Борусија од Дортмунд ја освоија двојната круна, домашното првенство и купот. Откако претходно ја одбранија титулата во националниот шампионат, синоќа го демолираа најголемиот ривал Баерн од Минхен. Борусија во финалето на националниот куп, пред 75.000 гледачи во Берлин го совлада Баерн со 5:2.
Хет трик постигна Левандовски (45, 58, 81 минута), а преостанатите два гола за Борусија ги дадоа Кагава (3) и Хумелс (41 минута од пенал). Стрелци за баварците беа Робен (25 минута од пенал) и Рибери (75).
„За навивачите на Борусија Дортмунд ова беше најубавото финале што м��жеа да го замислат. Одигравме ладнокрвно и постигнавме прекрасни голови. Едноставно не можам со зборови да го опишам чувството“, изјави творецот на силната Борусија, Јирген Клоп, по петиот последователен триумф над Баерн.
Јуп Хајнкенс не можеше да верува дека неговата екипа, на само една недела пред големото финале во Лигата на шампиони, прими пет голови.
„Одбраната беше очајно катастрофална. Сами сме виновни и не заслуживме победа. Но, пред нас е голема цел и се надевам дека до финалето во Лигата на шампиони ќе закрепнеме. Тоа е сосема друг натпревар“, рече Хајнкес.
|