Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
13.05.2012, 17:24

Сензационален триумф на Малдонадо во Каталуња

Младиот пилот од Венецуела славеше во денешната трка за ГН на Шпанија пред Алонсо и Раиконен

Историска победа оствари Пастор Малдонадо од Вилијамс во денешната трка за Големата награда на Шпанија, прва на европско тло во оваа сезона. Младиот пилот од Венецуела славеше на патеката Каталуња со време 1:29,09 часа, пред Фернандо Алонсо од Ферари кој заостана 3,1 секунди. Шпанецот не успеа да ја израдува домашната публика со прв триумф и покрај тоа што во поголемиот дел од трката имаше солидно водство. Место на пиедесталот имаше и за возачот на Лотус Рено, Кими Раиконен, тимскиот колега на Финецот, Роман Грожан заврши на четвртото место. Одличен резултат постигна и Луис Хамилтон (8 место) ако се земе во предви�� казната што Британецот ја заработи во саботата. Пилотот на Мекларен во квалификациите забележа најдобро време, но на крајот поради недостиг на гориво и неможноста да стигне до боксот мораше да му ја препушти пол-позицијата на Малдонадо.

Фернандо Алонсо уште од стартот го презеде водството, но побавното менување на пневматици на механичарите на „црното коњче“ скапо го чинеа миленикот на домашната публика. Клучниот момент по неговата судбина на ГН на Шпанија се случи во 43 круг кога при посетата кај механичарите, Алонсо излезе на патеката зад латиноамериканецот. Седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер од Мерцедес рано ја заврши трката по судирот со Бруно Сена, а разочараа актуелниот светски шампион Себастијан Фетел со пласманот на шестата позиција и пилотот на Мекларен, Џенсон Батон (8 место). Лошиот викенд на Ред Булд го компелтира и вториот возач Марк Вебер кој низ целта мина како 11.

Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози за две недели во Монте Карло за кога е предвидена ГН на Монако.

Резултати од трката за ГН на Шпанија: Пастор Малдонадо (Венецуела/Вилијамс-Рено) 1:39,09 часа; Фернандо Алонсо (Шпанија/Ферари) + 3,195 секунди; Кими Раиконен (Финска/Лотус-Рено) +3,884 сек.; Роман Грожан (Швајцарија/Лотус-Рено) +14 сек.; Камуи Кобајаши (Јапонија/Заубер) +1:04 мин.; Себастијан Фетел (Герамнија/Ред Бул) +1:07 минути; итн.

Трката не ја завршија: Михаел Шумахер (Мерцедес/Германија), Бруно Сена (Бразил/Вилијамс-Рено), Нараин Картокјан (Индија/ХРТ-Косворт), Шарл Пик (Франција/Марусија-Косворт).

Генерален пласман кај возачи: Себастијан Фетел 61; Фернандо Алонсо 61; Луис Хамилтон 53; Кими Раиконен 49; Марк Вебер 48; Џенсон Батон 45; итн.

Генерален пласман кај конструктори: Ред Бул 109; Мекларен 98; Лотус Рено 84; Ферари 63; Мерцедес 43; Вилијамс-Рено 43; итн. (Љ.В.)


Статијата е прочитана 853 пати.

Испрати коментар



Медалите останаа само желби
Панчевски без џентлменски попуст за Николова
Трет куп трофеј за ракометарките на Металург
Фудбал-вести
Десет ОФС бараат вонредно собрание на ФФМ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 16°C, Мин: 6°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |