15.05.2012, 14:07 Меси и официјално со „Златна копачка“
Напаѓачот на Барселона до наградата стигна со рекордни 100 бода, т.е. со 50 постигнати гола во сезоната
Аргентинецот Лео Меси и официјално ја освои наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во националните фудбалски првенства во Европа. До неа напаѓачот на Барселона стигна со рекордни 100 бода, т.е. со 50 постигнати гола во сезоната. За појаснување, секој погодок во петте водечки лиги на стариот континент носи 2 бода, во шампионите кои гравитираат кон средината на листата како португалскиот, холандскиот шкотскиот, по 1,5 бода, во најслабите како македонскиот се бодува со коефициент 1.
Зад Меси е ланскиот лауреат Кристијано Роналдо од Реал Мадрид со 46 погодоци, односно 92 поена. Трет стрелец во Европа за сезоната 2011/12 е Холанѓанецот Робин ван Перси со 30 гола (60 бода).
Листа на играчи за наградата „Златна копачка“: Лионел Меси (Барселона) 100 бода (50 гола); Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) 92 бода (46 гола); Робин ван Перси (Арсенал) 60 гола (30 бода); Јан Клас Хунтелар (Шалке 04) 58 бода (29 гола); Златан Ибрахимовиќ (Милан) 56 бода (28 гола); итн.
|