17.05.2012, 11:50 Нападната полициска станица во Бујановац
„Нападот врз полицијата е извршен во три часот по локално време, и претставува терористички акт“, портпаролот Драган Стаменковиќ
Непознати сторители синоќа отвориле оган од автоматско оружје врз полициска станица во селото Добросин, во српската општина Бујановац, соопшти портпаролот на полициската станица во Врање Драган Стаменковиќ.
- Нападот врз полицијата, поточно врз полициската станица е извршен во три часот по локално време, и претставува терористички акт, изјави Стаменковиќ, без да соопшти други детали за инцидентот.
Селото Добросин, каде е распореден и контролен премин за Косово се наоѓа на околу 16 километри југозападно од Бујановац.
Добросин е познато по тоа што на почетокот на јануари 2000 година таму е формирана Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац. аа/ссм/11:00
|