18.05.2012, 15:26 Петто реми во мечот за светски првак
Резултатот меѓу Вишванатан Ананд и Борис Гелфанд е 2,5-2,5, до крајот остануваат уште седум партии, а денеска беше слободен ден. Утре белите фигури ќе ги има Гелфанд
Бранителот на титулата Вишванатан Ананд (рејтинг 2799) од Индија и предизвикувачот Борис Гелфанд (2739) од Израел го поделија поенот и во петтата партија од мечот за светски првак во шах што се одржува од 10 до 30 мај во Москва. Резултатот е 2,5-2,5, до крајот остануваат уште седум партии, а денеска беше слободен ден. Утре белите фигури ќе ги има Гелфанд.
Ананд се отвори со 1. е4, но не успеа да направи предност против Сицилијанката на противникот. Авторот на Свешниковата варијанта, присутен во прес-собата, не ја одобри интерпретацијата на Гелфанд на неговата идеја, место која црниот ја поедностави позицијата, што брзо доведе до јалово реми. Беа одиграни 27 потези, а партијата траеше 90 минути.
|