13.05.2012, 22:17 Перо Антиќ со Олимпијакос на кровот на Европа!
Грчкиот тим во финалето на Евролигата во Истанбул ја совлада ЦСКА Москва со 62:61
Олимпијакос, каде што настапува македонскиот кошаркарски репрезентативец, Перо Антиќ е нов европски првак, откако во драматичното финале на Евролигата во Истанбул ја совлада ЦСКА Москва со 62:61.
Рускиот тим беше во водство во текот на целиот меч, а Олимпијакос направи фантастичен пресврт и победи со кошот на Јоргос Принтезис на 0.7 секунди пред крајот на средбата.
Перо Антиќ повторно одигра 18 минути за кои реализираше 7 поени, 2 скока и 1 украдена топка. Најефикасни во редовите на Олимпијакос беа Папаниколау со 18 и Спанулис со 15 поени. Во поразената екипа најефикасен беше Теодосиќ со 15 поени.
|