18.05.2012, 09:56 „Лебедово езеро“ на „Мајски оперски вечери“
Вечерва во Македонската опера и балет во 20 часот ќе се изведе светски познатиот класичен балет „Лебедово езеро“ од Чајковски
Во рамките на 40. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, вечерва во Македонската опера и балет во 20 часот ќе се изведе светски познатиот класичен балет „Лебедово езеро“ од Чајковски. Кореографијата е на Виктор Јаременко, сценографија на Андреј Злобин, додека костимите на Гана Ипатиева, уметници од Украина. Со оркестарот ќе диригира Најден Тодоров од Бугарија.
Во улогата на Одета, Одилија, ќе настапи солистката Јана Саленко од Украина, улогата на Принц Зигфрид ќе ја толкува Маријан Волтер од Германија, додека во улогата на Ротбартд солистот Јован Веселиновиќ од Србија.
|