18.05.2012, 13:43 Нова колекција HP преносни компјутери
Компанијата HP сега е побогата со Ultrabook и Sleekbook модели како што се HP Spectre, Envy Sleekbook и Envy Ultrabook, но и HP EliteBook Folio, кој според компанијата нуди се што би требало еден деловен Ultrabook да има
HP Spectre е компјутер со метално куќиште чија дебелината е 14,5мм и тежи 1,395 кг. Дијагоналата на екранот изнесува 13,3 инчи а има и SSD уред со капацитет до 256 GB како и батерија која трае до 8 часа. Покрај стандардните портови има и USB 3.0, а меѓу останатите функции HP ги издвојува IntelRapid Start технологијата за брзо стартување на оперативниот систем, потоа, технологијата Intel Smart Connect која автоматски проверува е-маил додека компјутерот е во состојба на мирување. Тука се и едногодишната лиценца за Absolute Data Protect и двегодишната за Norton Internet Security и Intel Identity Protection решението.
HP Envy пак тежи 1,79 кг а дебелината му изнесува 19,8 мм. Она што е интересно да се каже за овој модел е тоа што долната страна му е мека на допир и спречува да се лизга и секако го олеснува пренесувањето, велат од компанијата. Envy Ultrabook моделите се достапни во верзија од 14 и 15,6 инчи а исто поседуваат и Intel Rapid Start, Intel Identity Protection, Intel Smart Response и Intel Smart Connect технологија.
Envy Sleekbook е исто така достапен со дијагонала на екран од 14 и 15,6 инчи и Intel или AMD процесори. Со опциона засебна графика на Intel платформа, односно вградена AMD графика од иста класа на AMD платформа од HP велат дека корисниците можат да креираат и обработуваат видео како и да ги искусат одличните перформанси во игрите и во текот на репродукцијата на мултимедијалните содржини.
EliteBook Folio е првиот Ultrabook на HP кој нуди стилизиран и лесен дизајн без притоа да се прават компромиси по прашање на функционалностите, се наведува во официјалното соопштение.Инаку овој компјутер тежи 1,58 килограми дебелината ми е 19 мм а има 14 инчен екран.
|