Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
17.05.2012, 09:06
„Оф-фест“ го продолжува програмското шаренило



Годинашното издание на „Оф-фест“ на 1 јуни го отвора еден од највлијателните кубански музичари, Хуан Де Маркос Гонзалес

Тина Иванова

Еден од највлијателните кубански музичари, Хуан Де Маркос Гонзалес, кој популарноста ја стекна особено со групата „Буена виста сошл клаб“, на 1 јуни во Универзална сала ќе го отвори годинашното 11. издание на фестивалот „Оф-фест“, побратимот на „Скопскиот џез-фестивал“. Хуан Де Маркос Гонзалес во Скопје доаѓа во придружба на популарниот кубански оркестар „Афро-кубан ол старс“, кој разбирливо, својата музика пред се' ја базира на кубанските разновидни звучни изрази, мелодии и ритми. За овој состав критиката и публиката се едногласни дека тој создава незаборавни концерти со пулсирачки ритми, дувачка секција која како да доаѓа од рајот и пеколно добри вокали. Групата во изминативе две децении игра водечка улога во светот на кубанската музика, а особено се издвојуваат албумите објавени за етикетата „World Circuit“.

Хуан Де Маркос Гонзалес е клучниот човек за формирањето на легендарната „Буена виста сошл клаб“, иако во филмот на Вим Вендерс се споменува повеќе името на Рај Кудер како главниот „виновник“ за тоа. Но, Гонзалес е тој кој ќе го иницира овој проект, кој подоцна ќе стане светски популарен и ќе ја промовира кубанската звучна традиција. Во тоа време, Гонзалес ќе биде водечки аранжер и лидер на кубанскиот состав „Сиера маестра“. Негова ќе биде идејата да ги собере кубанските музичари од различни генерации во проектот „Афро-кубан ол старс“, а во таа приказна, шефот на издавачката куќа „World Circuit“, Ник Голд, ќе го вклучи и Кудер, па така ќе настанат два извонредни состави. Како и да е, македонската публика ќе има можност да ужива во најинтересните кубански мелодии, меѓу нив и оние од златниот период на кубанската музика. Гонзалес ќе каже дека кубанската музика повторно го зазема местото што го имала порано. Од политички причини, повеќе од четири децении кубанската музика беше целосно изолирана, но како што потенцира Гонзалес, нивната музика се враќа на местото што го заслужува. Тој вели дека како автор се' уште има што да каже, но ако само Бог му дозволи.

Годинашниот „Оф-фест“, откако лани ја заокружи десетолетката, продолжува во својата програма фокусирана претежно на т.н. ворлд мјузик сцена, но и на алтернативните рок-бендови, да нуди стилски и жанровски шарена лепеза. Веќе следниот ден, на 2 јуни, публиката ќе има можност да присуствува на два концерти кои ќе се одржат во Македонската опера и балет. Станува збор за познатиот тандем од Турција, композиторот и гитаристот Еркан Огур и виолинистот Дериа Туркан, како и за концертот на македонскиот мултиинструменталист Драган Даутовски, кој ќе настапи со неговиот квартет. Творештвото на Даутовски, кој свири на кавал, тамбура, гајда, и' е познато на македонската јавност, а на „Оф-фест“ заедно со својот состав формиран во 2000 година, ќе ги претстават најновите творби.

Дуото Еркан Огур и Дериа Туркан, всушност, не е обично инструментално дуо. Освен што нивната интенција е да ја продолжат звучната традиција на нивната земја и да ја вклопат во современиот живот, тие се препознатливи и по тоа што Огур во 70-тите години ја измислува гитарата без прагови за да може да ги искористи сите нејзини технички потенцијали, да ги изведува турските мелодиски скали т.н. маками, кои ги користат и некои македонски музичари и групи, додека Туркан се смета за еден од најславните виртуози на малата турска виолина наречена кеменче. Нивната музика ја следи турската традиција, но сепак, во себе содржи силен авторски печат.

Кога ќе се спомене името „Тортоиз“, особено знаат познавачите на музиката, веднаш асоцира на бендот кој направи своевидна револуција во звукот. Овие момци од Чикаго, к��и се сметаат за кумови на т.н. построк-звук, во Скопје настапуваат на 3 јуни во Македонската опера и балет, а истата вечер како солистка ќе одржи концерт француската вокалистка Летиша Садие, една од основачите на познатиот алтернативен бенд „Стереолаб“ формиран во 90-тите во Лондон.

Летиша Садие во Скопје доаѓа сама. Препознатлива е по својот интересен, необичен вокал, и особено, како што рековме, како дел од француско-англискиот построк-бенд „Стереолаб“ каде што свиреше и синтисајзер, а свири и на удиралки, гитара и тромбон. Но, таа големо внимание посветува на текстовите кои ги опишуваат како „левичарски“ и тие беа клучниот елемент и во музиката на „Стереолаб“, кој важеше за еден од најоригиналните независни бендови на 90-тите. Садие соработува со плејада на музичари, а во 2010 година го издава соло-албумот „The Trip“.

„Тортоиз“ се формираа во доцните 80-ти години и во својата музика ја инкорпорираат чикашката џез-сцена, драменбејс-ритамот, даб-звукот, но користат и многу експерименти во звукот. Беа еден од првите инди-бендови што создадоа албум на ремикси. Но, и денес, како и во времето кога се појавија, „Тортоиз“ се еден од најуникатните бендови бидејќи навистина умешно ја спојуваат жанровската различност и ја соединуваат во единствен звук.

На 5 јуни, на последната фестивалска вечер, ќе настапат македонскиот џез-гитарист Тони Китановски и оркестарот „Черкези“ кога ќе го промовираат новиот албум „Шукар“ издаден за „Енја“, а „Оф-фест“ ќе го затворат пустинските рокери од Мали, „Тамикрест“. И „Шукар“, како и преходниот албум на Китановски и „Черкези“ насловен „Бордерлендс“, претставува спој на многу различни култури, на сосема контрастни звуци и ритми, на повеќе звучни изрази проткаени со фолклорни елементи од сите светски меридијани, овде може да се слушне ромското звучно шаренило, чочекот, кубанскиот ритам и меланхоличните мелодии, класичниот џез, би-бапот, звуците на „Њу Орлеанс“, на афрокубанскиот клаве ритам, регето, па дури и оние од Средниот Исток и Тибет. Минатата година од Мали ги видовме и слушнавме „Теракафт“, а годинава „Тамикрест“, бенд кој создава сопствен свет базиран врз културната традиција на Туарезите - пустинските рокери. Нивната музика, во која се спојуваат реге, фанк, психоделичен рок, ги допира социјалните аспекти на нивната култура.









Статијата е прочитана 236 пати.

Испрати коментар



„Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“ промотивно на Канскиот фестивал
Замина писателот Карлос Фуентес
(ВИДЕО+ФОТО) Калиопи ја имаше втората проба во Баку
Дона Самер жртва на токсичниот прав од нападите на 11 септември
Владо Јовановски и Наташа Петровиќ во „Соба со пијано“
Нова колекција HP преносни компјутери
„Лебедово езеро“ на „Мајски оперски вечери“
Почина Дона Самер, кралицата на диско-музиката
Филмскиот фестивал во Кан почна со комедија и хаос
Два македонски филма наградени во Монако
Обложувалниците велат - Шведска прва, Хрватска последна
Проклетството продолжува - Мери Кенеди пронајдена мртва
Канал 103 со концерт го прославува 21. роденден
Македонски уметници со Македонската филхармонија
„Заливот на Коските“- најпосетен локалитет во Охрид
„Санитарна енигма“ на Котеска промовирана во Бугарија
Музичкиот гениј Чили Гонзалес ќе работи на „Соба со пијано“
Маџиров - Не можам да избегам од јазикот како мој дом
„Мунрајс Кингдом“ денеска го отвора 65. Кански фестивал
„Некст тајм“ ја „напаѓа“ Романија
Анџелина Џоли му купи хеликоптер на Бред Пит
Софиската филхармонија го отвора „Скопско лето“
(ФОТО+ВИДЕО) Моќен глас за Македонија!
Марина Абрамовиќ со почесен докторат во Куба
Филмски фонд на Македонија на Канскиот филмски фестивал
Џесика Симпсон заработи пет милиони долари од бременоста
„Одмаздници“ направи бум и во Скопје
Ирена Којкова Пејович на три групни изложби во САД
„Фолтин“, Тони Зен и „Фулстоп“ настапија во чест на Денот на Европа
Калиопи летна за Баку
Ноќ на легендите во Кинотека
„Хенри Шести“ во „Глоуб“ поздравен со овации
Премиера на два кратки филма во кино „Милениум“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |