17.05.2012, 15:34 Два македонски филма наградени во Монако
„Панкот не е мртов“, во режија на Владимир Блажевски, го освои 11. меѓународно признание - наградата за најдобро филмско сценарио
Македонскиот филм „Панкот не е мртов“, во режија на Владимир Блажевски, го освои 11. меѓународно признание - наградата за најдобро филмско сценарио на 7. издание на Филмскиот фестивал за добротворни цели, кој се одржа од 8 до 15 мај во Монако. Покрај него специјална награда од жири- комисијата освои краткометражниот филм „Недовршена приказна“ во режија на Наум Михајловски (македонско-чешка копродукција) во конкуренција на краткометражен филм. Ова е и прва негова официјална премиера надвор од нашата земја, како и негова прва освоена меѓународна награда.
Филмскиот фестивал во Монако е добротворен настан кој се одржува секоја година во Монако, посветен на „Вирлание“ - филипинска филантропска фондација за помош на злоупотребени и запуштени деца. (Д.Л.)
|