17.05.2012, 14:53 Обложувалниците велат - Шведска прва, Хрватска последна
Нашата претставничка Калиопи не поминува блескаво на обложувалниците, но веќе е оквалификувана како музичарка со моќен глас
На 57. „Евровизија“, според состојбите на обложувалниците, моментално најдобро се котира Шведска! Меѓу петте првопласирани песни е спомнатата шведска претставничка Лорен (нејзината песна се вика „Euphoria“) и веќе неколку дена е на самиот врв, потоа Жељко Јоксимовиќ со „Није љубав ствар“ од Србија, италијанката Нина Зили со „L'Amore E Femmina“, се разбира домаќинот, азербејџанска претставничка Сабина Бабаева со „When The Music Dies“ и прославените бабушки од Русија, кои ја изведуваат „Party For Everybody“.
Нашата претставничка Калиопи не поминува блескаво на обложувалниците, но веќе е оквалификувана како музичарка со моќен глас. Нина Бадриќ од Хрватската се наоѓа на самото дно на табелата, а и Рамбо Амадеус од Црна Гора не може да се пофали со добар пласман.
|