Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.05.2012, 19:38

На 23 јуни гласање за недоверба на Хаџи-Ристески



Иницијаторите закажаа вонредно Собрание на ФФМ, местото и терминот ќе бидат дополнително познати, велат дека УЕФА И ФИФА се запознати со секој нивни чекор

Вонредно Собрание на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) ќе има ова лето. Го најавуваат и свикуваат претставници на иницијативниот одбор за промени во македонскиот фудбал зад кое, според нив, стојат 16 општински фудбалски сојузи (Скопје, Кисела Вода, Куманово, Струмица, Штип, Велес, Кочани, Демир Хисар, Свети Николе, Пробиштип, Валандово, Кавадарци, Кичево, Битола, Тетово, Охрид). Гласањето што треба да резултира со искажување недоверба кон претседателот Харалампие Хаџи-Ристески ќе се одржи на 23 јуни, а за местото и терминот иницијаторите дополнително ќе ја известат јавноста.

„Со потпишување на барањето од десет општински фудбалски сојузи и писмена поддршка од уште шест, ние како иницијативен одбор закажуваме вонредно Собрание на 23 јуни. Местото на одржување ќе го објавиме дополнително. За секој наш чекор се консултираме со експерти, за секој наш чекор ги известуваме УЕФА и ФИФА. Нема да отстапиме така лесно и покрај заканите и заплашувањата", изјави Стојанче Златановски од ОФС Куманово на денешната прес-конференција во Скопје.

За понатаму е планирано да се инсталира работна група чија задача ќе биде подготовка и организација на вонредно изборно Собрание. Истото, според Статутот, ќе следи по 45 дена, а материјалите за дневниот ред ќе им бидат доставени на делегатите на 10 дена пред неговото одржување. (С.Д.)



Статијата е прочитана 735 пати.

Испрати коментар



Ѓоковиќ и Надал ќе играат во финалето во Рим
Оклахома и Сан Антонио на чекор до западното финале
Челзи е сензационален победник во Лигата на шампионите
Коби Брајант им ја донесе првата победа на Лејкерси
Петто реми во мечот за светски првак
Првенец во кариерата на Данецот Бак
Велика Британија го доби Олимпискиот оган
Индијана поведе против Мајами
Ливерпул го отпушти Кени Далглиш
МЗТ Скопје со Тодоров ќе „плови“ по Јадранот
Роуз ќе паузира и цела наредна сезона?
Оклахома со пресврт до втора победа над лејкерси
Без Илиевски со Литванија
Челзи тренира пенали
Шпанецот Родригеш петти лидер
Томе Пачовски потпиша за Мехелен
Индијана оствари гостинска победа против Мајами
Фортуна Дизелдорф нов бундеслигаш
Малдонадо сега ја посакува и титулата во Ф1
Македонија против Роналдо во Леирија
Пронајден мртов играч на Стабаек
Тевез со транспарент „Ферги, почивај во мир“
Азар се сели во Манчестер
Меси и официјално со „Златна копачка“
Оклахома убедлива против Лејкерси
Клиперси на мегдан на Сан Антонио во западното полуфинале
Олимпијакос ја крена Грција на нозе
Тошак - Младите заслужуваат шанса
Фергусон - Сити може да не стигне, но за 100 години
ФОТО - Антиќ и Спанулис слават со македонско знаме!
Шеста шампионска титула за Вардар
Перо Антиќ со Олимпијакос на кровот на Европа!
Манчестер Сити шампион во чудесна завршница
Сензационален триумф на Малдонадо во Каталуња
Раул ќе ја продолжи кариерата во Катар
Борусија го уништи Баерн во финалето на Купот
Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето на Западот

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |