Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
13.05.2012, 18:23

Манчестер Сити шампион во чудесна завршница



„Граѓаните“ по пауза од 44 години ја освоија англиската Премиер-лига, откако попладнево пред своите навивачи во инфаркт натпревар го совлада Квинс Парк Ренџерс со 3:2

Гостите водеа со 2:1 се до судиското продолжение, но со головите на Един Џеко во 92 и Кун Агуеро во 94 минута, Сити на чудесен начин по пауза од цели 44 години стана фудбалски владетел во Англија.

Претходно имаше уште многу драма на овој меч. Резултатот го отвори Забалета го отвори резултатот во 39.минута и „граѓаните“ имаа предност од 1-0 на полувремето. Но, само што почна вториот дел, огромна грешка на Лескот, тоа го искористи Џибрил Сисе и погоди за 1-1. Во тие моменти Манчестер јунајтед веќе имаше водство од 0-1 против Сандерленд. Потоа, Џое Б��ртон направи невидена глупост, со лакот го удри Карлос Тевез и заработи црвен картон. Но, КПР и со играч помалку дојде во сензационално водство од 1-2 по еден контранапад што го реализираше Маки во 66.минута. И потоа се до крајот беше мачење за Манчестер сити. Изминаа и девесетте минути, а потоа магијата се случи во петте минути од судиското продолжение.

Манчестер јунајтед победи со 1-0 на гостувањето во Сандерленд со голот на Вејн Руни во 20.минута од средбата. Арсенал се пласира во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го совлада ВБА со 3-2. Бенајун, Андре Сантос и Кошчиелни беа стрелци на головите за „топчиите“, а ВБА по само петнаесет минути имаше водство од 2-1.

Тотенхем со 2-0 го победи Фулам со головите на Адебајор и на Дефо и засега е пласиран во квалификациите од ЛШ, но ќе треба да навива за Баерн Минхен во финалето на „Алијанц арена“, за Челси да не го превземе неговото место.

Болтон испадна од Премиер-лигата, откако одигра 2-2 на гостувањето против Стоук, со што Квинс Парк Ренџерс избори опстанок и покрај поразот од Сити. Останатите две екипи што ја напуштаат лигата се Блекбурн и Вулверхемптон.

Резултати од последното, 38. коло: Челзи – Блекбурн 2-1, Евертон – Њукасл 3-1, Манчестер сити – КПР 3-2, Норвич – Астон Вила 2-0, Стоук – Болтон 2-2, Сандерленд – Манчестер ј. 0-1, Свонси – Ливерпул 1-0, Тотенхем – Фулам 2-0, ВБА – Арсенал 2-3, Виган – Вулверхемптон 3-2.




Статијата е прочитана 2842 пати.

Испрати коментар



Индијана поведе против Мајами
Ливерпул го отпушти Кени Далглиш
МЗТ Скопје со Тодоров ќе „плови“ по Јадранот
Роуз ќе паузира и цела наредна сезона?
Оклахома со пресврт до втора победа над лејкерси
Без Илиевски со Литванија
Челзи тренира пенали
Шпанецот Родригеш петти лидер
Томе Пачовски потпиша за Мехелен
Индијана оствари гостинска победа против Мајами
Фортуна Дизелдорф нов бундеслигаш
Малдонадо сега ја посакува и титулата во Ф1
Македонија против Роналдо во Леирија
Пронајден мртов играч на Стабаек
Тевез со транспарент „Ферги, почивај во мир“
Азар се сели во Манчестер
Меси и официјално со „Златна копачка“
Оклахома убедлива против Лејкерси
Клиперси на мегдан на Сан Антонио во западното полуфинале
Олимпијакос ја крена Грција на нозе
Тошак - Младите заслужуваат шанса
Фергусон - Сити може да не стигне, но за 100 години
ФОТО - Антиќ и Спанулис слават со македонско знаме!
Шеста шампионска титула за Вардар
Перо Антиќ со Олимпијакос на кровот на Европа!
Сензационален триумф на Малдонадо во Каталуња
Раул ќе ја продолжи кариерата во Катар
Борусија го уништи Баерн во финалето на Купот
Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето на Западот



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Облачно

Петок
Ветровито
Макс: 19°C, Мин: 7°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |