17.05.2012, 12:12 Грчката влада положи заклетва
Кабинетот, кој вклучува дипломати, професори и поранешни министри, нема да може да носи важни одлуки до јунските избори
Грчката 16-члена чиновничка Влада денеска положи заклетва и ќе управува со земјата се до одржувањето на новите избори на 17 јуни.
Кабинетот, кој вклучува дипломати, професори и поранешни министри, нема да може да носи важни одлуки до јунските избори.
Се очекува денеска 300-члениот грчки Парламент да положи заклетва, еден ден пред да биде распуштен поради претстојното гласање.
Пратениците на новиот грчки Парламент положија заклетва
Дваесет и еден пратеник на екстремно десничарската партија „Златна зора“, кои влегоа во Парламентот марширајќи како војници, ќе ги заземат само за еден ден своите места заедно со пратениците од уште шест други политички партии.
Парламентот ќе биде распуштен утре за да се распишат новите избори, кои треба да се одржат на 17 јуни.
|