17.05.2012, 14:33 Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Вкупната штета од излегувањето на Грција од зоната на единствената валута може да изнесува еден билион долари, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на проценки на финансиски експерти.
Весникот открива дека британската влада, поради тоа, веќе „забрзано се подготвува“ за евентуалното грчко откажување од еврото и за враќање кон националната валута драхмата, настојувајќи британската економија да излезе од „општата криза“.
Гувернерот на „Банката на Англија“, која во Велика Британија ја има улогата на централна банка, Мервин Кинг изјави дека Европа „самата се кине од внатре“, а во дебатата до британскиот парламент, премиерот Дејвид Камерон остро им порача на лидерите на земјите членки на еврозоната, „да си ги уредат работите, или да се растурат“.
|