Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.05.2012, 13:21
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина



Кина и Македонија се подготвени за продлабочување на соработката во областа на трговијата и инвестициите. Ова го посочи премиерот Никола Груевски во своето вчерашно обраќање на бизнис-форумот во Шангај, 22 милионски град во источна Кина, чиј економски раст за лани е 8 проценти. Тој ги повика кинеските бизнисмени да не' посетат и да се уверат во поволностите што им се нудат на компаниите. Заблагодарувајќи и' се на Стопанската комора на Шангај за организирањето на бизнис-форумот на кој присуствуваа над 150 кинески компании, Груевски го акцентира најнискиот даночен пакет во Европа и ниските трошоци за работа.

„Македонија има најнизок даночен пакет, а вкупните трошоци за реализацијата на бизнисот се многу мали. Поседуваме квалификувана и образована работна сила, која може да придонесе во резултатите на вашите компании“, истакна Груевски.

На форумот се обрати и Чен Фуронг, претседател на Стопанската комора на Шангај.

„Македонија е лоцирана во централниот дел на Балканот и отсекогаш претставувала значаен канал за трговијата, а поседува и минерални суровини. Активно ќе ги охрабруваме кинеските и шангајските компании и индивидуални бизнисмени да инвестираат. Шангај со својата развиена индустрија, трговија и услужни дејности може да и' помогне на Македонија во многу области“, потенцира Фуронг.

На форумот се обратија и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида.

Пешевски се осврна на енергетските проекти и на можноста за искористување на рудниот потенцијал. Самак ги акцентираше проектите за развој на туристичко-угостителските зони, а ги презентираше и можностите за инвестиции во автомобилската, фармацевтската и прехранбената индустрија. Фида ги елаборираше поволностите на индустриските зони и поддршката на државата преку учество во изградбата на капацитетите и инфраструктурно инвестирање.

Владината делегација оствари и средба со менаџерскиот тим на компанијата „Хуавеј“, која се занимава со информатичко-комуникациска технологија. И двете страни се согласија во идниот период да се направи анализа за можноста за отворање на формално претставништво на „Хуавеј“ во Македонија.

Статијата е прочитана 481 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Мак��донија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада



Sramezliv, 17.05.2012 17:10:17
Trebashe i Tupurkovski da go povede so sebe, pa i Geprgievski. Jas bi propadnal od sram. A da, toj e politichar, a tie ne ne znaat za pristojnost, moral i sram.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |