Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.05.2012, 15:09
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски



Скопска Апелација потврди дека Бошкоски е виновен за аферата „Кампања“, но му ја намали казната за две години

Љубиша Станковиќ

Апелацискиот суд во Скопје му ја намали затворската казна на Љубе Бошкоски од седум на пет години затвор. Ваквата одлука за лидерот на Обединети за Македонија, беше донесена уште минатата недела, но јавно беше соопштена денеска. Како што неофицијално се дознава, пресудата на повисокиот суд не предвидува повторување на судскиот процес. Бошкоски до издржувањето на казната ќе остане во затворот „Идризово“, само доколку неговите адвокати не побараат од Врховниот суд да изврши вонредно преиспитување на одлуките.

Објавувањето на денешната одлука доаѓа по еден месец од одржаната Јавна седница на која Бошкоски и адвокатите ги образложија своите жалби по пресудата со која тој, за две кривични дела, беше осуден на единствена затворска казна во траење од седум години.

Тој се најде зад решетки само еден ден по минатогодишните парламентарни избори. Беше обвинет дека како лидер на партијата извршил злоупотреба на неговата функција и дека парите кои што на ОМ им биле потребни за изборната кампања биле примени спротивно на законот.

Бошкоски беше уапсен, на шести јуни минатата година, пред ресторанот „Воденица“, а полицијата покажа хартиена кеса во која биле ставени 100.000 евра. Оттаму излегоа со тврдеше дека Бошкоски парите ги примил од познаник и дека со нив требало да се покријат трошоците на партијата за кампањата. МВР тврдеше дека пред да ги прими предметните пари Бошкоски, во уште во два наврата, примал десет, односно 20.000 евра. Всушност, токму поради ваквиот начин на финансирање полицијата и побарала дозвола за примена на посебни истражни мерки.

Неколку месеци подоцна за делата за кои што беше обвинет скопскиот кривичен суд донесе одлука со која Бошкоски беше огласен за виновен. За злоупотреба на службената положба тој беше осуден на две, а за нелегално финансирање на изборната кампања на шест, односно на единствена затворска казна во траење од седум години.

И додека судот беше со став дека Љубе Бошкоски на нелегален начин ја финансирал кампањата на ОМ, неговите бранители сметаа дека пресудата почива исклучиво на исказот на загрозениот сведок, односно човекот кој што му ги дал парите.

Од првата пресуда до оваа на Апелациониот суд во Скопје мина половина година, а за цел тој период Бошкоски повеќе пати како обвинет се појавуваше во кривичниот суд. Тој во неколку наврати јавно им се извини на сите оние кои приватно го тужеа, притоа изјавувајќи дека сето она што јавно го кажал за нив било неточно. На Бошкоски му ��ретстои уште еден судски процес во Пула каде треба да одговара за случчајот „Раштански лозја“.










Статијата е прочитана 1471 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада



jimmy1, 16.05.2012 15:48:01
Znaci kaj nas nema pravda, celoto sudstvo e pod kontrola na ovcarot. Grujo sto pati poveke potrosi za kampanjata od od Imotnata lista mu e falsifikuvana nikoj ne prezede nisto. obrenoto no za zal nikoj neispida od kade se tie pari. Pari od budzetot ne smee da trosi za partiska kampanja, a od kade mu se tie pari ako nekoj ne gi sponsoriral. Imotnata lista e prav falsifikat i nikoj ne prevzede nisto. Ke im dojde krajot i na Grujo i na site drugi vo bandata koga ke se smeni vlasta. Nema da pominat nekaznite zosto amnestijata e za siptarite kako poseben narod a ne za ovie surtuci vo vladata i vo sudovite.
fani, 16.05.2012 22:52:26
A zosto vo Pula da mu se sudi za Rastanskite lozja???!!!Kakva uloga igra ovde Hrvatska,ako Boskoski e drzavjanin na Hrvatska toj uste poveke e drzavjanin na Makedonija.Kakvo pravo si zima Hrvatska ovde neznam i zosto Makedonija toa go dozvoluva!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |