Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.05.2012, 17:31

Сведок е министерот што го притворил Масри

Судот ќе реши дали министерот ќе биде заштитен сведок или ќе му се објави името

Досието „Калед Ел Масри“ денеска беше отворено во Судот за човекови права во Стразбур, со што Македонија стана првата земја која ќе се најде на тест околу контроверзните постапки на ЦИА во војната против тероризмот. Името на фамозниот сведок, сепак, не се дозна бидејќи на првото сослушување во Големиот судски совет се претставија само одбраната на Масри и нашиот застапник Костадин Богданов, кој ги бранеше позициите на Македонија.

Според она што можеше да се дознае, Судот најпрво ќе решава дали македонскиот министер што пропеал ќе биде заштитен сведок или неговото име ќе биде соопштено во судницата. Расправата вчера беше јавна, а на неа нашиот застапник побара случајот да биде отфрлен бидејќи е задоцнет, т.е. Масри ја поднел тужбата со задоцнување, откако истекол рокот за неа, нешто што неговиот тим го спори повикувајќи се на околностите кои тоа не му го дозволувале. Богданов, исто така, излегол со став дека во случајот „Масри“ нема повреда на правата загарантирани со европските конвенции, па затоа смета дека и од тој аспект процесот е „недопустлив“.

„Доколку судот не ја промени досегашната судска пракса во овој дел, сметаме дека имаме добра основа и шанси судот да ги прифати нашите аргументи и да ја отфрли апликацијата како недопуштена, без да има потреба да навлегува во фактите и суштината на предметот“, изјави вчера Богданов од Стразбур.

Според МИА, македонскиот владин тим побарал да биде изземена изјавата на овој сведок, за кого се наведувало само дека е висок државен функционер, без притоа да се даде неговиот идентитет. И двете страни барале заради негова заштита тој да остане анонимен.

Почетокот на судскиот процес го одбележаа сите светски медиуми, а најударно место доби во британските, кои први објавија дека има пукнатина во македонскиот став кон Ел Масри, бидејќи официјално со години од највисоки нивоа се тврдеше дека тој само влегол, кратко бил задржан заради проверка на документите и преку Косово излегол од земјата.

Експремиерот Владо Бучковски и во тоа време министер за одбрана не знаеше вчера кој би можел да биде сведокот, но посочи дека за случајот „Масри“ од надвор биле контактирани претставници на МВР и кај нив се одвивала истрагата. Масри ја тужи Македонија за нечовечко и понижувачко однесување, за повреда на правото на слобода и сигурност, за повреда на правото на приватен и семеен живот, како и на правото за правично судење и слобода на изразување, односно за прекршување на пет члена на Конвенцијата за човекови права.

„Еден од најмоќните докази во случајот е тоа што поранешен министер има обезбедено сведоштво кое е веќе во датотеката, и во суштина го потврдува тврдењето на Ел Масри. Сведокот потврдува дека Македонија го задржала Ел Масри по барање на ЦИА, дека некое време го држела притворен, а потоа овој министер им рекол на американските власти дека мора да дојдат и да го земат, зашто Македонија веќе нема да може да го држи и ќе мора да му дозволи да си оди. Тогаш ЦИА го зела авионски“, изјавил за британските медиуми еден од адвокатите на Масри, Џејмс Голдстон.

Со изјавата тој практично посочува дека фамозниот сведок бил актуелен министер во времето на настанот и тој кој практично бил инволвиран во случајот и ги носел одлуките. Германската канцеларка Ангела Меркел застана на страната на Ел Масри и обвини дека македонските власти не спровеле ефикасна истрага за овој случај и покрај тужбите од негова страна. Според тужбата објавена вчера, во неговото приведување била замешана Управата за безбедност и контраразузнавање, а девет нејзини претставници го чувале Масри деноноќно во Скопје. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 3191 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада



Gerd Miler, 17.05.2012 05:43:43
Merkel,slusaj cico miki da mi ti kaze mila. Se nekako cuvstvuvam deka tvojata malenkost poleka no sigurno im dozlogrdi i na lugjeto i na boga.Veruvaj deka tvoeto vreme izmina.Mu istece rokot. Sega si ko proizvod so izminat rok.Nemoj da se navreduvas ,nemam nisto licno protiv tebe,no dlaboko cuvstvuvam deka sekoj tvoj iden cekor toa ce ti go potvrdi.
Nikola, 17.05.2012 06:43:35
Koj e zastapnikot na RM? Da ne e sinot na poraneshniot minister za zdrastvo, Stojan Bogdanov?
умен, 17.05.2012 10:47:32
Во интерес на правдината секој треба да си ја сноси одговорноста а не само државата и идговорните лица сметајки од самиот врв до најдолу.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |