Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
18.05.2012, 17:43

Замина писателот Карлос Фуентес

Најпознати се неговите романи „Смртта на Артемие Круз“ и „Стариот Гринго“, по кој е снимен филм со Грегори Пек и Џејн Фонда

Славниот мексикански писател Карлос Фуентес почина неделава, на 83-годишна возраст во болница во Мексико Сити поради проблеми со срцето. Фуентес се сметаше за еден од најзначајните латиноамерикански писатели, кој неколку пати беше и кандидат за Нобеловата награда за литература, но никогаш не ја доби. На светската публика најпознати и' се неговите романи „Смртта Артемие Круз“ и „Стариот Гринго“, но Фуентес беше еднакво познат и како драмски писател, есеист и филмски сценарист.

Роден е во Панама 1928 година, во семејство на дипломат, поради што голем дел од неговото детство поминал на Запад. Тоа, како што зборуваше самиот, му овозможило да ја согледа Латинска Америка од дистанца и да има поголемо критичко сечило. Фуентес е автор на повеќе од 20 прозни дела, а има напишано и многу есеи за актуелните прашања од современата политика, општество и култура. Често ги коментирал политичките настани во своите редовни колумни, па токму на денот на неговата смрт во мексиканскиот весник „Реформа“, објавен е есеј за неодамнешните претседателски избори во Франција.

Меѓународната слава ја стекна со романот „Смртта на Артемие Круз“, каде што критички се осврнува на постреволуционерно Мексико, кое не успеало да ги исполни ветувањата за надминување на социјалните разлики во општеството. Фуентес беше познат како протагонист на т.н. латиноамерикански бум, книжевно движење кое го сочинувале, главно, млади автори чии политички критички дела ги кршеле установените традиции. Меѓу другите негови познати романи се и: „Свето место“, „Тера ностра“, „Дијана“, „Години со Лаура Дијаз“, „Среќни семејства“ и многу други. За своите романи, тој има освоено многубројни награди, меѓу кои и мексиканската Национална награда за книжевност, потоа наградите „Пикасо“, „Дон Кихот од Манча“, како и онаа на Шпанската кралска академија.

По неговите романи снимени се неколку филмови, но често и самиот ги потпишувал нивните сценарија. Најпознат е „Стариот Гринго“ од 1989 година, во кој главните улоги ги толкуваа Грегори Пек и Џејн Фонда. Тоа бил и првиот американски бестселер на некој мексикански писател, кој пак бил заснован на вистинската приказна за исчезнувањето на американскиот новинар Амброс Бирс за време на револуцијата во Мексико 1910-1920.

Фуентес бил професор на повеќе универзитети во САД, и тоа на Харвард, Принстон, Колумбија, а како дипломат бил испратен и во неколку европски земји. Како амбасадор во Лондон, Фуентес дал оставка во знак на протест поради мексиканското задушување на студентс��ите побуни во 1968 година. Во средината на 1970-тите се вратил како амбасадор во Париз, но по две години повторно дал оставка поради назначувањето за амбасадор во Шпанија на поранешниот претседател Густаво Дијаз Ордаз, изјавувајќи дека не сака да му биде колега човекот кој наредил масакр над студентите во Мексико Сити. По повод неговата смрт, мексиканскиот претседател, Фелипе Калдерон, изразил сочувство нарекувајќи го Фуентес „сакан и почитуван универзален писател“. (С.У.)


Статијата е прочитана 402 пати.

Испрати коментар



Вечерва е „Ноќ на музеите“
Заводот и музеј -Прилеп - „Музеј на годината“
Изложен најстариот зачуван фрескоживопис во Македонија
ДЛУМ го затвора дуќанот за сликарски материјали
„Строго контролирани возови“ и на македонски
Детски фестивал за слика и филм во Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |