17.05.2012, 13:25 Кочанчанец загина берејќи печурки
Митко Веселинов (72) од Кочани загина во несреќа што се случи вчера претпладне околу 11 часот во атарот на селото Пантереј, соопшти полицијата. Кочанчанецот со негов 61-годишен пријател отишол да бере печурки, но во еден момент му се слошило и паднал во бездна длабока шеесетина метри, здобивајќи се со смртоносни повреди. Надлежните извршија увид, а телото на несреќниот маж е дадено за обдукција. (Г.А.)
|