13.05.2012, 11:53 Раул ќе ја продолжи кариерата во Катар
Шпанскиот напаѓач потпиша едногодишен договор со азискиот шампион Ал Сад
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес ќе ја продолжи кариерата во Катар. Тој потпиша едногодишен договор со азискиот шампион Ал Сад.
Шпанецот објави пред еден месец дека ќе го напушти Шалке 04 по крајот на сезоната.
„Ал Сад на денешната пресконференција ќе го претстави Раул Гонзалес пред медиумите. Тој ќе се приклучи на тимот за новата сезона", се вели во официјалното соопштение на клубот.
Детали околу договорот на 34-годишниот фудбалер се уште не се објавени.
Ал Сад заврши на третото место на светското клубско фудбалско првенство во декември.
|