14.05.2012, 15:40 Клиперси на мегдан на Сан Антонио во западното полуфинале
Тимот на ЛА избори пласман во полуфиналето на Западот откако синоќа во мајсторката во Мемфис ги совлада „гризлите“ со 82:72
Екипата на Лос Анџелес Клиперс избори пласман во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција откако синоќа во мајсторката во Мемфис ја победи истоимената екипа со 82:72. Најефикасни во победничката екипа беа Руди Геј и Марк Гасол и двајцата со по 19 поени.
Следен противник на Клиперси им е најдобропласираната екипа од Западната конференција на НБА лигата Сан Антонио, а првиот натпревар се игра во вторник.
Предноста на домашен терен во полуфиналето на Исток ја искористи Мајами и поведе против Индијана со 1-0 совладувајќи ја со 95:86. Ударното трио Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош постигнаа 74 поени, а предводник беше МВП играчот на регуларната сезона Џејмс со 32 поена и 15 скокови.
Вечерва се играат два натпревара: Бостон – Филаделфија (1-0) и Оклахома Сити – Лос Анџелес Лејкерс (прв натпревар).
|