19.03.2012, 17:27 Премиерско добредојде за сењор Слим
На мексиканскиот милијардер, кој идната недела ќе дојде во Македонија, Владата планира да му понуди соработка во енергетиката, телекомуникациите, хотелиерството и експлоатирањето минерални суровини
Македонскиот премиер Никола Груевски идната недела ќе се сретне со најбогатиот човек на светот, Карлос Слим. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, вчера изјави дека веќе се потврдени средбите на Слим со премиерот Груевски и со економските министри.
На мексиканскиот милијардер, кој идната недела доаѓа во Македонија, Владата планира да му понуди соработка во проекти од повеќе области, како што се енергетиката, телекомуникациите, хотелиерството и експлоатирањето минерални суровини.
„Ние веќе имаме предложено неколку проекти, кои ќе ги ставиме на маса и за кои ќе продискутираме. Се надеваме дека дел од нив ќе бидат интересни за него и за неговите компании“, рече Ивановски.
На листата, според министерот, се дел од најголемите владини капитални проекти. „На оние што ќе дојдат со Слим ќе им предложиме да ги разгледаат проектите детално. Се надеваме дека ова нема да биде прв контакт и дека по посетата ќе имаме можност повеќе да комуницираме со претставниците на неговите компании“, нагласи Ивановски.
Милијардерот Слим доаѓа во Македонија за да учествува на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО, со која претседава токму Слим. Конференција ќе се одржи од 31 март до 2 април во Охрид.
Слим ќе пристигне во земјава со неговиот приватен авион и засега нема поставено посебни барања околу неговиот престој. Тој доаѓа на покана на министерот Иво Ивановски, со кого лично се познава и веќе неколкупати се среќавале. Тие неодамна ручале заедно во Њујорк кога министерот и го повикал Слим да присуствува на конференцијата во Охрид.
Телекомуникацискиот магнат Карлос Слим и годинава остана на позицијата најбогат човек во светот според магазинот „Форбс“, пред Американците Бил Гејтс и Ворен Бафет. Неговото богатство е проценето на 69 милијарди долари. Слим се наоѓа на првото место на листата трета година по ред. Тој своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, трговијата, финансиите, суровините и енергетиката. Мексиканскиот бизнис-магнат и филантроп е претседател и главен извршен директор на телекомуникациските компании „Телмекс“ и „Америка Мовил“ и има огромни имоти во други мексикански компании преку својот конгломерат „Групо Карсо САБ“, како и бизнис-интереси на друго место во светот. Седумдесет и двегодишниот Слим сега работи и во секторот на малопродажба, финансиите, суровините и енергетиката. Во последните години мексиканскиот магнат купи големи удели во странски компании како што е синџирот на стоковни куќи „Сакс“ и издавачот „Њујорк тајмс“. (С.М.) |
|
Статијата е прочитана 1819 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 20.03.2012 00:12:37 | Ocekuvam premierot da go izvesti Slim deka Makedonija, zaedno so Ruanda i Gruzija, e prva reformska zemja vo svetot i deka preku Makedonija mu se otvora pazar od 650 milioni potrosuvaci vo Evropa i edna milijarda vo Indija. Istotaka ce mu kaze deka on so svojot avion ce moze od bilo kade vo svetot da stigne do aerodromot Aleksandar Veliki. Interesno za nego, na svoite sorabotnici nema da im placa biznis clasa, koja sto ne postoi kaj low-cost kompaniite koi sto ce letaat od sporednite aerodromi od evropskite gradovi prema Skopje. |
| USA, 20.03.2012 00:17:46 | Koj znae kako Gordan Georgiev ke go prokomentira ova vo slednata kolumna??!!?? Minatata nedela se rasfrlase so maharadzi sto e mnogu navredlivo za indijskite siki (pretpostavuvam na nivniot izgled mislese). Necij izgled ne znaci nisto (vidi slika od Zaev na sreumickiot karn). Se slozuvate?? |
| Istocna Makedonija, 20.03.2012 09:07:06 | Maksimalen respekt kon impresivnata imperija
na senjor Slim,ama kolku smeinferiorni-,,makovo zrnovo ocekuvanje nekoj da ni ponudi ,,slamka spas! |
| Smestete go vo Zamokot na Vodno, 20.03.2012 10:08:33 | Ako nema kade da go smesti, neka go smesti vo zamokot na Vilma. redno e na takov covek dostojno smestuvanje, za da ne se posramotime. |
| Karlos Slim, 20.03.2012 11:18:41 | Muchas gracias,segnor pryminister,jas dosega ne znaev kade i kolku da investiram , zatoa sum siromav. Sega mi e jasno deka trebalo da investiram vo Makedonija! Asta la vista! |
| konsternirani, 20.03.2012 12:58:35 | Ajdeeee, povtorno kje se zanesuvame, povtorno Gruevski kje ni raskazhuva bajki |
| Трпе, 20.03.2012 15:23:21 | Добро е што доаќа толку моќен човек во РМ.Да се надеваме дека од сожалување ке фрли некоја пара за помош.Ама ако дознае дека фамилијата за толку кратко време се богати на сметка на народот можно е да останеме со прстот во уста.А ако и некој му шепне дека нашиот пастир го врбува народот со ЌЕ,Ќе,ќе....ќе.Ќе останат само фалбите на Грујо дека не посетил најбогатиот човек во светот.Без разлика како и тој ги има заработено парите,на криминалец никој не му помага гога не рачуна за својод народ(а за ваква мала земја како да сме семејство)Ако некој го краде сопствениот брат никој не го цени.А прикаската дека ние сме центар за 650 милионски пазар не држи. |
| EU, 20.03.2012 19:15:06 | Koski tresam dali Gruevski ke stasa na vreme na sredbata. Bogatasite, za razlika od politicarite, nemaat vreme za gubenje. |
| koki, 20.03.2012 21:06:40 | Да не му бара пари за споменици????????????? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|