Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
20.03.2012, 18:18

Мислења

Дали Велија и Љубе се политички затвореници

Нано Ружин

Најмалку во три од пет критериуми судско-извршната власт на Македонија ги прекрши правата на Бошкоски и Рамковски

„На моите сестри и браќа, на моите истомисленици, сограѓани, на моите пријатели, на политичките затвореници, на нивните семејства, на заспаниот народ кој што не го слушна крикот на унесреќените..Стравот не е повеке пречка,Тиранијата не е повеке опасност...“ со овие строфи од поемата „Што ја снајде мојата земја?“ политичкиот затвореник Ахмед Симозраг им се обраќа на заплашените и индеферентни сограѓани на Алжир во моментот кога „арапската пролет“ се прошири низ цела Северна Африка... Денес нема потреба да сте правник за да констатирате дека некој кривичен процес е монтиран или дека некој граѓанинот кој и се спротиставил на власта е политички затвореник. „Кога се сака да се делува-секогаш може да се делува“, истакнува францускиот филозоф Андре Гликсман при поддршката на политичкиот затвореник Михаил Ходоровски. Во современата историја се издвојуваат неколку славни имиња на политички затвореници. Од Драјфус во Франција, преку Сахаров, Мандела во Ј. Африка, до Аунг Сан Суу Ки од Бирманија, Дабихулах Махрами во Иран, Ходоровски во Русија и останатите во 21-от век се само дел од илјадниците затвореници заради нивните политички позиции, нивниот судир со властодршците и олигархиите на власт.

Во Македонија еден од најпознатите политички затвореници беше легендарниот Ченто. По стекнувањето независноста Македонија се демократизира но човековите права и вербалниот деликт останаа мекиот стомак на политичкиот систем. Кон средината на деведесеттите беа уапсени Руфи Османи и Алајдин Демири и добија статус на политички затвореници. Во 21-от век, дваесет години по стекнувањето на независноста, државата која има кандидатски статус во ЕУ и НАТО се уште има политички затвореници.Тоа се Љубе Бошкоски, Велија Рамковски и останатите од „Пајажина“. За нивната судбина, опозицијата како да се олади, иако има позиции преку Собранието на Советот на Европа да ги придвижи механизмите за рехабилитација на политичките затвореници. Независно од изгубеното време се уште постојат можности да се актуелизира оваа проблематика. Меѓутоа доколку Советот на Европа констатира дека во РМ постојат политички затвореници тоа ќе биде голема меѓународна и политичка брука за Македонија.

Со таков неславен епитет се здоби Азарбејџан во 2003 година.Во Извештајот на Комисијата за правни прашања и човекови права при Парламентарното Собрание на Советот на Европа од јуни 2003, за Азарбејџан се констатирало дека „во оваа држава постоеле политички затвореници што е доказ за дисфункционалноста на демократијата“. Воедно Извештајот ги споредил, од една страна убедувањата на владата која тврдела дека „не постојат политички затвореници“ и од друга страна со констатацијата на Парламентарното Собрание кое докажало „дека во Азарбејџан постоеле политички затвореници“.Натаму Советот на Европа заклучил „..доколку Азарбејџан е демократска држава мора да признае дека во нејзините затвори има политички затвореници“.

Истата констатација важи и за Република Македонија со таа разлика што меѓународниот рејтинг на Македонија и Азарбејџан не е за споредби. Доколку пратениците од опозицијата ги потегнат овие прашања истите можат да предизвикаат непријатни квалификации за РМ како кандидат за членство во ЕУ и НАТО. Врз која основа може да се оквалификуваат случаите на Рамковски и Бошкоски како политички затвореници? Ова квалификација зависи од дефиницијата на концептот за „политичките затвореници“. Во суштина постојат две основни дефиниции за оваа категорија затвореници. Едната е на Советот на Европа која смета дека „демократијата и политичките затвореници се неспоиви“. Другата дефиниција е на Amnesty international која го проширува концептот на „политичките затвореници“. Советот на Европа релативно доцна се вокализирал врз дефинирањето на политичките затвореници во меѓународното право. Во 2001 година објективните критериуми биле дефинирани и усвоени од страна на сите инстанци на Советот на Европа а подоцна станале и дел од Меѓународното јавно право. Според овие критеримуи, едно лице се смета за политички затвореник, доколку најмалку еден од следните пет критериуми го прекршиле неговиот статус: 1).Наметнато апсење преку прекршувањето на основните слободи (мислење, свест, изразување, здруженија) 2. Апсење заради политички причини кои немаат никаква врска со некоја инфракција 3). Диспропорција меѓу траењето, должината или условите на издржување казната и тежината на делото заради кое била изречена казна од политички мотиви. 4) дискриминација на притворената индивидуа во однос на другите затвореници заради политички мотиви. 5) нерегуларност во истражната и судската постапка заради политички мотиви.

Најмалку во три од споменатите пет критериуми судско-извршната власт на Македонија ги прекрши правата на Бошкоски и Рамковски, дотолку повеќе што и двајцата беа дел на опозицијата. Според тврдењето на Комисијата за контрола на МВР за следење на комуникациите при Собранието на РМ, власта ги прислушувала осомничените, настојувала да ги дискриминира и понижи со долготрајната истражна постапка и притисоци. Во текот на истрагата и судската постапка биле направени бројни нерегуларности, психолошки тортури и организирани манифестации на политичките ривали на осудените од политички мотиви.Пресудите беа максимални дури поголеми од тешките кривични дела а судиите беа наградени со големи унапредувања. За нивната судска деонотлогија веројатно ќе пресудат нивните колеги во некои подобри судски времиња.Не треба да сте правник како што вели еден трабант на власта за да погодите дека постои намера за притисок врз судството кое под изговор на неплатен данок или непријавени пари одмерува диспропорцијални казни како на политички затвореници. Едновремено казната за тешко убиство на млад човек е два пати помала од онаа на Рамковски и помала од онаа на Бошкоски.

Според Амнести Интернешенл политички затвореник е затвореник кој доспеал во затвор заради одбраната на неговите политички погледи.Тој не е криминалец кој се огрешил кон заедничките права туку само бранител на одредени политички идеји. Меѓутоа за реализација на сопствените целите тој може да употреби и насилство. За овие лица Амнести бара праведен процес и прифатливи услови на притвор. Амнести прави разлика меѓу политичките затвореници кои пристапиле кон насилство и оние затвореници кои искажале став но не продуцирале никакво насилство. Токму затоа Амнести Интернешенл признава политички затвореници во демократските општества но не и политички затвореници заради искажан став.На пример според оваа организација преставниците на Дирекната акција, на баскиската ЕТА на филијалите на Ал Каеда или алтермондијалистот Жозе Бове, можат да имаат статус на политички затвореници. Во случајот на Рамковски и Бошкоски не се работи за промоција на насилство, политички стратегии за општата безбедност или тероризам. Од правна гледна точка можеби и не се најчисти но она што го доживеаја со правниот систем на Македонија е под сите критики.

Пораката е слична со онаа на Путин кон Ходоровски, како што пишува А.Гликсман. Целокупниот мис ен сцене покажува дека тој бил затворен заради вертикалната моќ на Путин врз руското судство.И Македонија не е далеку од таквата логика.Со нивното апсење власта демонстрираше сила. Затоа поддршката кон Рамковски и Бошкоски е всушност поддршка кон демократијата и кон политичките затвореници во Македонија.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде мо��ен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1942 пати.

Испрати коментар



Автомобилите контра мерките
Замислената заедница на еврото
Шокот од Вилмаленд



Zgrozen, 21.03.2012 00:09:27
Vo koj kontekst gi sporeduvas (kako i voopsto gi stavas vo ist tekst) Velija i Cento. Alooooo
Hari, 21.03.2012 00:44:58
Klasicni primeri za politicki montirani procesi i politicki zatvorenici. Dokolku bese vo prasanje borba protiv kriminal Velija ke bese uapsen pred 2008 koga bese blizok do Grujo. Pa Velija so A1 dva pati go nosese na vlast Grujo 2006 i 2008 godina. Odlicna kolumna.
Ljubotan Trade Nane, 21.03.2012 04:57:01
Во Македонија еден од најпознатите политички затвореници беше легендарниот Ченто. По стекнувањето независноста Македонија се демократизира но човековите права и вербалниот деликт останаа мекиот стомак на политичкиот систем. PS, Lele bre,a Opstina Vratnica? Vo Istoriskiot Arhiv, ubavo e napisano i postoi dokument,ako Vratnica-Opstina dobie sto ja bara Srbija,Eee Skopje,Kumanovo,GostivarTetovo,a i Skopje so Skopska Crna Gora togas nema Makedonija, Taka Lazo mu rece na Tita! Dokument od arhivata na FNRJ,. Istorija Akademik,Balkanski Institut Veselin Gjuretic!
USA, 21.03.2012 06:43:18
Se pretera so kolumnarstvoto.
Bossko, 21.03.2012 07:45:41
Опозицијата навистина се олади и дозволи случаите Бошковски и Рамковски да фатат пајажина. На апатијата на опозицијата се налепија и новинарите, кои само чепкаат по површината и на пројави од ваков вид, кои се сериозна загроза на демократија. Реагираат нападно бучно и импулсивно, но со краток здив, без неоходната аналитична задлабоченост и нужниот професионален жар, да се гори докрај. Шокантно, токму за демократската определеност на весникот, делува оградата, што како ,,наш став,, ни ја предочува редакцијата на Утрински. Зошто си навлекувате ракавици господо. Усвитеното железо во рацете го држи авторот на колумната, а не Вие. Како да се вовлекувате во заштитен кожурец, како што тоа го прават свилените буби. А Вие господо сте новинари. Неимари на слободната мисла.
Marioec od Azija, 21.03.2012 07:59:39
Kako univ prof,trebase da pojasnis vo koi 3 kriteriumi e prekrseno pravoto na spomenative,i da obrazlozis zosto e prekrseno istoto.Inaku e mnogu cudno da ne spomna nisto za donacijata i za batacite,i zosto covekov i pokraj storen kriminal mu se dozvolilo i ponatamu da se zanimava so ista dejnost t.e kriminal.Za Ljube isto e nevin nisto nezgrasil smo nosel pari vo najlonsko kese.Alo Profesore neznam kaj ste prof,ama da bevte nekade na zapad ce diskutiravte so studentite za visinata na kaznata dali e dovolna vo odnos na storeniot kriminal.Politicki e samo zastitata na dvajcava,a ne sudenjeto,tuku nesudenjeto dosega.
Do Zgrozen, 21.03.2012 09:19:43
Vo pravo si deka ne treba da se sporeduvaat, bdejiki Ljube ja branese Makedonija a Cento so zivi maki bil ispraten vo partizani i so se pamet 1945 godina sakal da odi na Solun da se bori protiv Anglija, Francija i Amerika, ALOOOOOOOOOO. A NZS e deka site se piliticki zatvorenici
do (z)Grozen, 21.03.2012 09:22:18
Ne podrzuvaj diktaturi koi sto ja zakopuvaat Makedonija!
jovan, 21.03.2012 09:35:42
Najgolemiot problem e itrinata so koj se zatvaraat neistomislenicite. Formalno se e po *Propis i Zakon*, a neformalno se znae zosto se ostraneti. Inaku kako Velija ima eden kup vo drzavava, pa duri i kade kade poopasni kriminalci koj i te kako i stetat na drzavava, no.... toa e toa. Uste vo vremeto na Francuskata revolucija eden advokat kaza (neznam koj bese, mislam Robespijer) nesto vo stilot : *Bilo kogo mozam da go napravam heroj, no i da go odnesam na besilka*. Istoto denes nas ovde ni se slucuva. Nekoj se *heroi* i se bogatat preku nok i toa so kriminal, a nekoj zavrsuva na *besilka* bidejki ne im odgovara na Vlastodrscite, a pred se na onie koj se krijat pozadi ovaa Vlast. Vo sustina, site se isti.
tome, 21.03.2012 10:06:17
@zgrozen, potpolno se soglasuvam so tebe kako mozi velija da go sporeduva, gospodinot Ruzin so cento ajde za boskovski ne pisuvam nisto zatoa sto ja branese makedonija toj e politicki zatvorenik no velija???!!!
Edniot e 100%, 21.03.2012 10:13:21
Za Velija ne znam ama za Ljube sum 100% siguren deka e namesten i e osuden od cisto politicki pricini. Slicno kako na dusko so marihuanata, go legnaa na zemja i mu gi piknaja evrata vo djeb , pa sega odi gokazuvaj. Toa go znaat site i seto toa e razultat na negovite navredlivi izjavi kon premierot i Mijalkov. Samo me iznenadija i razocaraa negovite izvinuvanja. Ljube ako si mas , bidi mas do kraj i ona sto si go rekol si go rekol. Ako se nadevase na milost so tie izvinuvanja, gadno se izlaze. Samo se ponizi i obruuka pred nacijava.
Оливер, 21.03.2012 11:32:37
Професоре, не можете да иницирате сдсмовско-полтронска пролет овде бидејќи поддршката за ЛДП на ниво на цела држава 16551 гласови или 1,47 %, мислите ли дека имате некој авторитет како слободен политичар или авторитетот ќе го добиете со влечење на давеници односно себеси ќе се величите на туѓа слава? Што се однесува на делот каде спомнувате апсење поради слободно мислење, сигурно не мислите на Велија кој „случајно “ толку доминираше на медиумскиот пазар во пари кој сеуште ги должи, а за Љубе жал ми е што при политички говори ве навреди сите како лидери и политичари споредувајќи реализирани луѓе со ликови од турски серии(блам за македонското лидерство). Дали политички е малтретиран и затворен, мислам дека тоа повеќе би било поради национална загриженост односно растурање на помислата за посебна нација ТОРБЕШИ и влегување во Рам.Дог. А Ченто незнам зошто го осквернавувате, а можеби е и поради што сте немале чувство како и сега што немате кога се работи за државен итерес.
D.V, 21.03.2012 11:32:46
Gospodine Ruzin, niti ja falam niti kritikuvam vasata kolumn, no sakam samo da dodadam deka, SITE KOI IMALE Nesrekja,VRKA SO SUDOT, SE POLITICKI OSUDENICI, ako ne si vo NIVNIOT vidokrug ili nemas *knishka*, 100% go gubis sudskiot spor. Spored toa ;stanuvas vistinski politicki osudenik- zatvorenik ! Ne znam, dali ima nadez seto toa da se promeni i politikata da ne se mesa vo sé i sesto. Vie intelektualcite, trebe malku poveke da porabotite na slucajot Makedonija. Eve vi sega moznost , da se obedinite vo edna pojaka opozicija, vprocem, od kade i *niknavte*.
Спасе, 21.03.2012 11:54:43
Како не ви е срам да ги нарекувате политички затвореници, па дури и да ги споредувате со еден Ченто? Па Љубе и Велија се казнети од судот за криминал. Љубе го фатија со странски пари во гепек, а на Велија му најдоа 10 милиони неплатен долг! Какви се тоа политички затвореници? Ете зошто тие се мешале во политиката.
девичанецот, 21.03.2012 15:45:13
Почитуван Ружин, Си биле две баби и три жаби. Колку биле вкупно? Секако 5....ама по твоето пишување... Навистина срамота!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |