Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
20.03.2012, 18:23

Анализа

Замислената заедница на еврото

Роберт Шилер

Заедничка валута може да им помогне на нациите-држави да градат трајни пријателства

Во Европа имаше над 250 војни од почетокот на ренесансата во средината на петнаесеттиот век. Значи, н�� станува збор за паничар кој гласно се грижи за зачувување на чувството на заедница што Европа го ужива во последниот половина век.

Во фасцинантната, но многу прескокнувана книга „Како непријателите стануваат пријатели“, Чарлс А. Капчен детално проучува многу историски случаи како нациите-држави со долга историја на конфликти конечно упеале да станат безбедни и мирољубиви пријатели. Во неговите примери се наведени формирањето на Швајцарската Конфедерација (1291-1848); создавањето на Ирокеската Конфедерација околу еден век пред доаѓањето на првите Европејци во Америка; основањето на САД (1776-1789); обединувањето на Италија (1861), и на Германија (1871); зближувањето меѓу Норвешка и Шведска (1905-1935); формирањето на Обединети Арапски Емирати (1971); и зближувањето меѓу Аргентина и Бразил во 1970-те години.

Капчен, исто така, разгледува некои познати пропаѓања на пријателствата: Граѓанската војна на Америка (1861-65); крајот на Англо-јапонската алијанса (1923); распаѓањето на кинеско-советските односи (1960); пропаѓање на Обединетата Арапска Република (1961); и протерувањето на Сингапур од Малезија (1965).

Капчен никогаш не споменува заедничка валута како услов за учтивост меѓу нациите; всушност, економската интеграција е со тенденција да следи, наместо да претходи на постигнување на политичко единство. Наместо тоа, тој смета дека дипломатскиот ангажман е суштински елемент за стратегиско приспособување и взаемна доверба, и тоа полесно се постигнува ако државите имаат слични општествени поредоци и етнички малцинства.

Но, анализата на Капчен подразбира дека заедничка валута може да им помогне на нациите-држави да градат трајни пријателства, бидејќи тврди дека градењето пријателство е најсигурно откако ќе се вкорени „приказната“ за менување на идентитетот, што води до чувството дека нациите се како членови на едно семејство. Заедничка валута може да помогне да се создаде таква приказна. На пример, Ирокезите ја разкажуваат приказната за големиот воин и вешт оратор наречен Хијавата, кој, патувајќи со мистичниот Деганавида, преговарал за договорите со кои била воспоставена нивната конфедерација. Тој се залагал за нови церемонии за комеморација на загинатите воини – и да се заменат војните за одмазада.

Новата приказна беше зајакната со физички симболи, сродни на валута или знаме, во форма на низа од монистра направени од школки (вампум), кои биле ирокески пари. Сочуваната низа на Хијавата, што датира од 18 век (и веројатно е копија на низи од порано) содржи симболи на пет нации – Сенека, Кајуга, Онондага, Онеида и Мохавк – како што американското знаме содржи ѕвезди кои ја претставуваат секоја држава. Низата, исто така, го одржува статусот на Хијавата како прататко на конфедерацијата.

Знамињата можеби се поинспирирачки симбол на заедничката судбина, но повеќето од нас не ги носат наоколу, а многу луѓе никогаш не ги покажуваат, освен можеби на големи спортски настани; нивното потекло, вкоренето во борбените стандарди, може да изгледа непријатно агресивно. Постои знаме на Европската унија, но ретко се забележува надвор од владините институции на ЕУ.

Британски наставник добро го изразил тоа чувство во 1910 година: „Се сомневаме во човекот кој зборува за патриотизам и империјализам, како што се сомневаме во оној кој зборува за вера или за кои било работи со најдлабока вредност во животот. За него мислиме дека е или измамник или плиток човек кој не ја сфатил несоодветноста на зборовите за да изрази што е најдлабоко“.

Сепак националната валута, што ја прикажуваме секој пат кога купуваме во готовина, не побудува такви смневања. Така, валутата функционира како константен, ако не и латентен, потсетник на идентитетот. Со нејзино користење се добива психолошко искуство за учество со други во заеднички потфат , а со тоа се развива чувство за доверба и во напорот и во еден од колегите-учесници.

Секоја валутна унија избира симболи на заеднички културни вредности за нејзините монети и банкноти, и тие симболи стануваат дел од чувството на заеднички идентитет. Толку често на банкнотите гледаме ликови што тие изгледаат како семејство, создавајќи го она што експертот по политички науки Бенедикт Андерсон го нарекува „замислена заедница“, која е основата и го одржува чувството на националност.

На евробанкнотите се прикажани мостови како што се појавувале низ Европа во различни епохи, наместо слики на современи структури кои би можеле да значат приоритетна почит за некои земји. Градот Спијкенисе во Холандија сега е во ��роцес на изградба на сите седум мостови прикажани на евробанкнотите. Но, мостовите остануваат симболи на европската култура, во која учествуваат веројатно сите Европејци.

Модерната електронска технологија нема да ги елиминира банкнотите и монетите наскоро, така што има уште многу време да се употреби симболичната вредност на заедничката валута. Всушност, дури и ако се распадне еврозоната, секоја европска земја би можела да усвои различна валута, но да задржи заеднички симболи. На пример, би можело да има грчко евро, шпанско евро итн. На банкнотите би можеле да бидат прикажани истите слики на мостовите. Дури и електронските трансакции би можеле да создадат симболи на мир, доверба и единство. Поентата е дека ако Европа може да ги одржува тие симболи живи, дури и распаѓање на еврозоната не би ги имало ужасните политички последици за Европа како што многумина предвидуваа.

(Авторот е професор по економија

на Универзитетот Јеил)


Статијата е прочитана 402 пати.

Испрати коментар



Автомобилите контра мерките
Дали Велија и Љубе се политички затвореници
Шокот од Вилмаленд

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |