20.05.2012, 18:38 Мое ќоше
Брат Љубе и брат Јохан
Ерол Ризаов
Животната сага на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски е тажна и многу поучна приказна
Го оставам домот и имотот во Македонија и со синот се повлекувам во Хрватска. Ми го земаа Љубе, а сега сакаат да ни ја земат и куќата. Ова, крајно разочарано како трагичен епилог на една голема животна драма го соопшти Виолета Бошковска, сопруга на Љубе Бошковски, по одлуката на Апелацискиот суд да му ја намали казната од седум на пет години со конфискација на имот во вредност од 30.000 евра. Животната сага на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски не би можела да биде толку уверлива во ниедно филмско остварување како што судбината сурово им ја изрежира во живо на овие двајца млади луѓе. Приказната за брат Љубе и брат Јохан е од темната страна на Македонија за нејзиниот пат од еден во друг свет. Но, најмногу од се', тоа е нивна лична трагедија и на нивните семејства.
Каубојскиот шешир на Брат Љубе се појави на скопските улици и телевизии уште во 1998 година како Нова sвезда на вмровското небо. Роден за шериф, овој млад правник, дојден од Хрватска, уште кога го доби местото заменик- директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање го сврте вниманието на јавноста и на медиумите. Брзо како и сите sвезди напредуваше по орбитата на ВМРО-ДПМНЕ. Во најбурните времиња за Македонија, стаса до министер за внатрешни работи, во период мај 2001 септември 2002 година. Опкружен со многубројни обожаватели, нашиот популарен шериф Меклауд јаваше низ татковината следен од џетсетот и од многубројни новинари и камери. Неговото друштво, далматинската пршута и доброто вино беа престижна влезница во високото друштво. Конфликтната 2001 година од него направи македонски спасител, заштитен бренд на македонштината, единица мерка за патриотизам. Се редат трилери како на филмска лента. Брат Љубе и брат Јохан се главните актери во август 2001 година во скопското село Љуботен кога се убиени во полициска акција повеќе цивили Албанци жители на селото. Потоа следува мистичната улога на брат Љубе во случајот „Раштански Лозја“ пролетта 2002 година кога во полициска акција се ликвидирани седум луѓе. Никогаш не се докажа дали биле терористи или сиромашни економски емигранти. Ослободителната пресуда за обвинетите Врховниот суд на Македонија ја нарече срамна.
Во затворот во Швенинген брат Љубе помина четири години и три месеци како еден од најпознатите затвореници заедно со Слободан Милошевиќ и генерал Анте Готовина. Од затворските денови на брат Љубе во Хаг стасуваа во Македонија секој ден легенди и митови. Вмровските елити одеа во Швенинеген на поклонение како во Ерусалим. Се пееја песни за јунаштвото на брат Љубе. Во 2008 година се враќа од Хаг со ослободителна пресуда, како невин и како голем херој. На скопскиот аеродром слетува со владин авион. Го пречекува лично премиерот Никола Груевски. Тука се и црковните великодостојници и стотици патриоти кои го пречекуваат со леб и сол и вино. Брат Љубе излегува од авионот легнува на земја и ја бакнува македонската почва. Френетични овации Македонија, Македонија победа, победа, брат Љубе, брат Љубе.
Набргу најавува големи политички амбиции со што експресно потемнува неговата sвезда. ВМРО-ДПМНЕ го отфрла како потрошен контаминиран материјал. Возвраќа со формирање политичка партија Обединети за Македонија. Брат Љубе грми против ВМРО-ДПМНЕ во предизборните кампањи за претседател и на парламентарните избори. Горското началство донесува пресуда. На 6 јуни 2011 веднаш по изборите спектакуларно е уапсен сред бел ден од некогаш неговите елитни полициски единици под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Брат Љубе оди во притвор каде што по неколку месеци истоштен со видливи психолошки трауми се извинува секој ден јавно за сторените грешки. Сурово ја демантира својатa позната максима. „Македонскиот народ клечи и моли само пред Господ“. Судот пресудува седум години затвор. Седум години во Идризово плус четири години и три месеци во Швенинген речиси 12 години.
Јохан Тарчуловски, кој по брат Љубе станува новиот херој од Хашкиот трибунал, е осуден на 12 години затвор за љуботенските убиства. Згаснатата sвезда на брат Љубе ВМРО-ДПМНЕ му ја осветли на брат Јохан. Вмровците почнаа да одат на поклонение кај Јохан. Тој е новиот јунак кој го спаси брат Љубе кој стана предавник. Типично вмровски. Јохан ја издржува казната во Германија во последно време подзаборавен од вмровскиот врв.
Наместо епилог: и брат Љубе и брат Јохан имаат да одлежат уште по пет години затвор. Приказната за двете судбини не е завршена. Ама и дотука е многу поучна. |
|
Статијата е прочитана 6328 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Se izvini chovekot, pushtete go!, 20.05.2012 21:53:17 | Grujo dobro postapil shto brat Ljube ne go kandidiral za predsedatel, mada i Horhe ne e bash za taa funkcija, ama e barem kulturen, i najbitno za Grujo - poslushen. Medjutoa, ova shto mu go raboti sega na Ljube, a se poradi navredenata sueta, navistina ne e vred. Znaeme deka imaat nekoi argumenti/dokazi, medjutoa vo odnos na 1001 spomenik, chudni vrbi, fasadi i ogradi, bivshi premieri i ministri, Ljube e ,,poshtenjachinja,,. Ako veke tolku kriminal istrpivme, ke go istrpime i onoj sitnish na brat Ljube. Zatoa, pushtete go! |
| граѓанин, 21.05.2012 00:32:08 | Нема во приказнава ништо поучно Ерол - обична бизарна, хорор приказна! Од поодамна сум разочарана од суровоста на оваа власт, но ако навистина му го земат и станот само ќе се надминат себеси во суровоста. Наместо да ги конфискувааат имотите на оние кои ги разграбаа државните фабрики -(кобајаги се борат за тоа а всушност само не преморија од врескање против олигарси кои не ги ни пипаат а многу од нив од интерес и ги инволвираа во своите редови) - се запнале да му му земат на Љубе нешто што му е оставено како оставштина и доспечалено со бизнисот во Хрватска. Боже, чувај не од овие лажни патриоти, лажни верници и лажни луѓе! |
| Sic tranzit glorija mundi, 21.05.2012 00:45:13 | Go kaza epilogot na ovaa prikazna , no bez naravoucenie. A koe e toa naravoucenie sto moze da se izvlece od seto toa.Slkavata i mocta posebno vo politikata e bro prolazna i promenliva. denes si vo oblaci a utre vo Sutka.I onie koi za vreme na mocta biole so tebe i se umilkuvale stom padnes na dnoto begaat od tebe kako od cuma. Tuka nema nikakva milost i socuvstvo. Pa setete se na izjavata na Berluskoni , posle odnas mizerno lincuvanje na negoviot pajtas i prijatel Gadafi ( so kogo i orgijaa zaedno ) Izkaza samo : Sic transit glorija mundi i ne pokaza niakvi drugi emocii.Toa gi otslikuva moralot etikata i covekoljubieto i prijatelstvoto kaj mocnicite. |
| baltazar, 21.05.2012 00:54:17 | ke bide li Makedonija nezavisna i na Makedoncite? |
| Marioec od Azija, 21.05.2012 03:51:14 | Prosti se ovie od DPMNE-to,se jadat medju sebe za vlast.Inaku trebase Ljube da lezi vo Hag a ne Johan,a isto i za rastanski lozja.No toa e toa koga imame taka sovesni javni obviniteli i sudii.Pa taka nemase ni sudska postapka protiv Frckovski za korupcija so milioni dolari,nemase sudska postapka protiv Zaev,a nitu protiv Hari,za javnata likvidacija na Postarot,nema epilog ni za tenkovskite ,delovi,ni za TAT,Okta,Telekomot,aj dosta so broenje.E razlikata pomedju desnite i levite e sto poslednive gi imaat nezavisnite sudii i obveniteli vo svoi race a i Ustavniot(neustaven tuku partiski)sud,pa nikoj nisto neim mozit vo Makedonija. |
| USA, 21.05.2012 03:54:08 | Falat uste mnogu segmenti od mozaikot. Koj gi uapsi i isporaca? Koj ja plakase odbranata? I Ramus Hajradin bese tamu sose negovite finansieri za politicki kampanji i redovni otpusti vo domasna atmosfera (kako da e vo vojska). Prvite sredbi posle Hag bea so kogo? Ista izborna retorika so opozicijata i vo udarni vesti na A1. 100,000 evra.......da mu se najdat. I seto toa onaka,......NELUSTRIRAN i padnat od Hrvatska. Ova ne e posledica od Svetite Tajni, tuku od tajnite sluzbi. |
| Istocna Makedonija, 21.05.2012 08:24:45 | Slavata,popularnosta,intenzitetot na politicarite
se mnogu pokratki od onie,na sportistite!Vo nase
vo stereotipno,virtuelno opstestvo na iskriveni
vrednosti,osobeno vo dolgata ni tarnzicija,po isto
klise i terk ni se politicarive.Bilo koi da se i od kade da se.Koga se natronot,beskrupolozni,lako-
mi,nehumani,egoisti,poltroni,mediokriteti,podlizur
kovci,denuncijanti,insinuantni.Koga se padnati,
makovo zrno.Vo tesno,g.z davaat,pusti gi dva
g..a ti baraat.Lugeto vo edna mala zemja gi ska
raa,podelija.Ljube i Johan-zalni sudbini! |
| ФЕЛИКС, 21.05.2012 08:35:44 | Како прво авторот одбегне да историски се осврне кон ,,каубоецот,,и за друго однесување.Па така нема ни збор за гепек авантурата која му ја сместија познати политички фаци од тогашната власт.И предходното кога председателка на изборната комисија беше малтретирана со огнострелно оружје а со цел изгубените избори 2002г. да се поништат.Паметиме како беше заштитувана таа и покојниот председател Трајковски.Кој тоа од амбасадорите цела ноќ беа во нивна заштита.И како трето бегло споменување на Тарчуловски без ниеден напор од авторот да ни го долови неговиот лик.Одбегнувајќи го коментирањето на двојните аршини на Хашкиот трибунал.Па така испадна човекот да е единствен виновник за случувањата 2001г.Да ниту еден ден не беше пред донесувањето на пресудата пуштен на времена слобода,како што се правеше и се прави за многу други далеку покрупни актери на војните во деведесетите. |
| toni, 21.05.2012 09:20:35 | licemrena vlast e ova...vmrovska rabota,do vcera go digaa brat ljube sega go pljukat...toa ne ceka site nas,samo do koga ke im dozvolime na ovie od vlasta taka da se poigravat so nas...do koga?! |
| Кероунас, 21.05.2012 11:06:21 | Ерол е мајстор да пронајде тема со која ја демис
тифицира власта која,како и секоја власт,ги ликв
идира оние што не се послушници како,на приме
мер,брат Љубе.Па добро,братЉубе настапи со п
одоста бласфемија кон премиерот и фамилијата за да навлече бес и раваншизам но,по мое и убе
дување не заслужи драконска казнна по готово што причината за обвинение е видно наместена.
Без пристрасност,мислам дека власта го намест
и случајот за освета а не за правта а,тоа ја чин
и свирепа и ненародна. |
| Goce USA, 21.05.2012 12:44:39 | Revolucijata gi jade svoite deca! I bukvalno toa funkcionira vo VMRO. A taka kako Ljube i Johan i Ljubco, ke zavrsi i Grujo i kompanija a bogami najprvo tipovive gazolizaci sto se plateni po 200 evra sekoj den da go kreiraat javnoto mislenje |
| Вербален Командос, 21.05.2012 13:10:56 | Наравоучение-Немој да се дружиш со апаши, што би рекол Цацко. |
| Mite, 21.05.2012 13:29:11 | Toa sto Vrhovniot sud mu dodelil 5 godini (isto kolku sto mu ostanuvaat na Tarculovski) e eden golem dokaz deka i Vrhovniot sud e pod celosna komanda na Vlasta. A toa sto mu e odredena i merka Konfiskacija na imotot (koj na nikoj nacin ne e rezultat na zloupotreba na parite za kampanja) e isto taka eden golem dokaz deka Vrhovniot sud so svojata slepa poslusnost pokazuva osobini na zloba i odmazda - istoto toa sto e karakteristicno (i vidlivo od mesecinata) za Pastirot.
Inaku, Seuste postojat video snimki na koi se gleda kako golemite patrioti od vlasta (pr. Vlatko Gjorcev i ostanatite) se banjaat vo bazenot na Ljube vo Hrvatska i se majtapat na smetka na Makedonija. Ke se vrati vremeto i ke docekame smetkite da im bidat rascisteni. |
| МАГНУМ, 21.05.2012 14:58:39 | Феликс мачорот повторно нешто мудрува - и секогаш е така кога сака да ја скрие вината на ДПМНЕВЦИТЕ!!! Феликсе овие твоиве за 20 години ништо не направија туку само се тепаа со СДСМ за кој повеќе да украде, донесоа војна, криминалци и рекетари од Комета па до Лупус - а ти како расипана воденица само квичиша како твоите чинеле а другите не чинеле..... Ајде сега пиши некоја реплика дека неопределените уствари се поданици на твоите Бихаќевци.... очајно.... |
| Mirce, 21.05.2012 15:36:29 | dobro, ako vlasta go namesti, morase li toj da gi zeme kes pari za kampanja? Ili ova mozebi bila regularna praksa vo negovata partija i vo negovo vreme vo vlasta? dokolku znaes deka ne si potpolno cist podobro ne frlaj po drugite sto dobro te znaat. ke mu bese mnogu podobro da se zablagodari na poddrskata od makedonija dodeka bese vo hag i uziva blagodeti od taa poddrska otkolku da vleguva vo vodi koi go odnesoa vo propast...politikata ne e za sekogo... |
| VP, 21.05.2012 16:06:16 | Со други зборови - нов бран и кај браќата и kaj предавниците - тажно... |
| Ljubitel na Shakespeare, 21.05.2012 16:06:19 | Zanimlivo. Pozdrav. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Претежно облачно
|
Недела
Грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 8°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|