Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
25.05.2012, 17:37

Мислења

Калимеро од нашата улица

Ѓорѓи Спасов

Сите партии во соседството што ја освоија власта не дојдоа на власт со ветувања од надворешната политика, туку со ветувањето дека ќе го спречат бесмисленото трошење на народните пари

Има едно прашање на кое опозицијата нема никогаш да го победи Никола Груевски. Тоа е прашањето за името и евроатлантските интеграции на Македонија. Секогаш кога опозицијата ќе го обвини Груевски за блокадата на Македонија во тие интеграции, тој го поставува прашањето: „А вие што би направиле? Би го смениле името?“ И тука завршува целата приказна.

Народот во Македонија знае дека во овој момент Македонија не добива покана за членство во НАТО, па и не може да почне преговори за членство во Унијата само поради тоа што не сме постигнале компромис со Грција за спорот околу името на нашата земја.

Доволен број луѓе се убедени дека намерата на Грција е со различното именување на Македонија во меѓународната комуникација да добие простор за оспорување на правото на нацијата да се нарекува македонска и јазикот да се означува македонски затоа што тоа според нив е крадење на нивната национална историја. Бидејќи доволен број луѓе во Македонија верува дека таквото инсистирање на Грција води кон опасноста, со наша согласност, да биде преименувана не само државата туку и нацијата и јазикот, тие со тоа не се согласуваат без некакви дополнителни гаранции, пред се' од САД, НАТО и ЕУ. А бидејќи Грција е членка на НАТО и на ЕУ во кои солидарноста со членките е поважна од правото или правдата за нечленките, тој спор станува многу тежок за решавање. За двете балкански нации, грчката и македонската, тоа е спор околу симболите, именувањата, историјата, па и територијата и има длабоко емоционално значење. Посредувањето во тој спор, дури и од страна на Обединетите нации, е речиси невозможна мисија и по 20 години сите вклучени преговарачи полека креваат раце од него.

Оттука, кога опозицијата ќе го обвин�� Груевски за блокадата во евроинтеграциите, тој само прашува: А зошто не го решивте вие додека бевте на власт ако е толку лесно? И кој е вашиот предлог за решавање на спорот ако ја добиете власта. Ќе го смените името?

Со постојаното обвинување на Груевски за нерешавањето на овој спор, опозицијата само го зацврсти него во свеста на избирачите како бранител на името и идентитетот.

Свесен за компликуваноста, па и нерешливоста на овој проблем, Груевски великодушно им ги препушти секторот за европски интеграции и Министерството за одбрана на ДУИ, а немаше ништо против Радмила Шеќеринска да го води националниот совет за евроинтеграции.

Кога минатата година, пред последните парламентарни избори, опозицијата сфати дека нема свој предлог за решавање на овој проблем, за да не биде обвинувана од Груевски дека е подготвена „зад грбот на народот да се согласи за промена на името“, запиша во својата програма дека „нема да прифати решение за тој проблем кое не би било прифатено на референдум од страна на граѓаните“. И благодарение на тоа можеби не помина толку лошо на изборите, како во 2008 години кога тврдеше дека за шест месеци ќе ја внесе Македонија во НАТО.

Ако опозицијата внимателно ги чита резултатите од испитувањата на јавното мислење, ќе сфати дека покрај тоа што веќе две третини од граѓаните сметаат дека работите во Македонија се одвиваат во погрешна насока, најголем дел од Македонците ја поддржуваат надворешната политика на Никола Груевски, во која има три константи. Ние сме за членство во НАТО и во ЕУ. Упорно се подготвуваме за тоа членство. Но не го даваме името.

Опозицијата е во право кога вели дека Груевски за време на својот мандат, со присвојување на симболите на античките Македонци, им дал дополнително аргументи на Грците за нивната непопустливост, но и' дал и дополнителни аргументи на меѓународната заедница да верува дека можеби Грција со право стравува од м��нополизацијата на тоа име од страна на Македонија. Таа е во право и кога зборува за Груевски како не се обидува низ деликатните методи на дипломатијата да го ублажи противењето на Грција, туку го инструментализира заради зачувувањето на власта. Опозицијата е во право и дека со речникот на Калимеро, Груевски се однесува како политичар чие единствено оправдување за неуспехот е што немало правда во светот.

Но тие потези и тој говор на Груевски не го дискредитираат во избирачкото тело. Напротив. Онеправданиот и измрцварениот народ посакува еднаш да може да покаже мускули на посилниот, со изградбата на споменици за инает, и еднаш гласно да опцуе. И тоа Груевски како човек од народот го прави сосема солидно. Тој за разлика од Црвенковски не сака да прифати дека оние што се надлежени за донесување одлуки се во право и кога грешат.

Но на крајот од денот се собираат резултатите. Вистинското прашање што треба да го постави опозицијата гласи: „Колку чини покажувањето на мускули“. И колку власта ја претставува Македонија, како цивилизирана држава преку гласното пцуење на Груевски поради неправдата која и' се прави на Македонија?

Опозицијата има интерес (наместо јавна дебата за методите на дејствување на Груевски во областа на надворешната политика, која одново ќе ја отвори темата за тоа кој е патриот а кој предавник) да објави дека, колку и да изгледа нереално, заедничка цел на власта и на опозицијата во Македонија ќе биде Македонија да стане членка на НАТО и да почне преговори со ЕУ под привремената референца. И со заеднички сили да се издејствува Грција врз основа на потпишаната Привремена спогодба и пресудата од Хаг, тоа да не може да го спречи. Истовремено, разговорите за разликите околу името да продолжат под покровителство на ОН колку што ќе биде потребно за изноаѓање решение. За опозицијата е важно да повтори дека во поглед на надворешната политика и името не постои разлика меѓу политичките партии и лидери во земјата. Откога елегантно ќе се затвори тоа прашање, опозицијата треба да ги отвори прашањето за трошењето на парите, корупцијата, злоупотребата на судството и слободата на медиумите во земјата.

Сите партии во соседството што ја освоија власта не дојдоа на власт со ветувања од областа на надворешната политика. Тие дојдоа на власт со ветувањето дека ќе го спречат бесмисленото трошење на народните пари. Дојдоа на власт со ветувањето дека секој што украл од народните пари и што ја злоупотребил функцијата ќе одговара и ќе мора да го врати украденото. Дојдоа со ветување дека граѓаните ќе бидат ослободени од стравот за политичко изјаснување, а новинарите и медиумите од притисок на власта. Дојдоа на власт со ветување дека оние со високи плати и профити ќе плаќаат повисоки даноци од сиромашните и дека ќе се обелодени кои се најбогатите луѓе во Македонија, како се збогатиле и колку данок плаќаат. Дојдоа со ветување дека за секоја потрошена пара од страна на власта ќе има јавен отчет и дека народните пари ќе се користат за корисни цели. Дојдоа со ветување дека ќе го ослободат бизнисот од рекетот на власта и ќе има повеќе пари за вработувања, плати и пензии. Дојдоа со ветување дека никој нема да смее да ја промени волјата на избирачите на денот на изборите преку закани, фалсификувања и купување гласови. Опозицијата таму кај што победи, едноставно ја смени темата.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 3144 пати.

Испрати коментар



Средната класа се изгуби заедно со стандардот
Новиот курс на Турција
Зошто НАТО не касна од ајварот?



Itar Pejo, 26.05.2012 00:19:49
Nema pravda, profesore, toa ni e jasno. Koga Makedonija pravi ili tvrdi nesto: toa e pravedno. Ako nekoj vo svetot ne se slozuva so makedonskata pozicija, toj ne e vo pravo. Pa se prasuvam nesto: sto stana so islamskite radikali koi sto vojuvale vo Avganistan i Pakistan? Do kade stasa istragata? Motus! Ama vlasta ja kaza pravdata: oni gi ubile makedonskite deca, a bogami a amerikanski vojnici vo Avganistan i Pakistan
NACRT REZOLUCIJA GSON (praven lek za ometo)!, 26.05.2012 01:15:32
NACRT REZOLUCIJA Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON, Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat, Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, , i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina, Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON, Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
pameten, 26.05.2012 03:17:02
Да покажуваш мускули има смисла само ако другите поверуваат дека имаш мускули. Ако знаат дека немаш, изгледаш смешен. Македонија нема да биде примена во НАТО и да ги започне преговорите под референциjaра. Грците не го прифатија пред брутална антиквизација, сега шансите се нула. На Македонија нема да биде дозволен влезот во ЕУ и НАТО додека гради идентитет врз приказната дека низ вековите постоеле Македонски народ и македонски јазик (и бара признание на македонски малцинства во соседните земји). Светот навистина не е фер. За време на СФРJ големите сили имаа корист од ширеwето на оваа приказна, а денес тие самите се смеат на неа. Спасот на државава и на идентитетот оди преку признанието, не само пред светот, но и пред себе, дека Македонскиот народ и јазик се формирале во 20 век. Тогаш сите спорови ќе се решат преку ноќ.
Prijatel, 26.05.2012 09:51:23
Mnogu e vazhno za opozicijata namesto i taa da glumi frustrirana, chuvstvo shto saka Gruevski da i go nametne na cela Makedonija, rezolutno da gi odbie tie lazhni emocii na Gruevski i javno da kazhe deka Germanija, Francija i SAD se golemi prijateli na Makedonija, bez razlika na nivnite stavovi vo odnos na nashiot spor so Grcija!!!
ФЕЛИКС, 26.05.2012 10:07:22
Околу трошењето народни пари на непродуктивни споменичарски проекти авторот е во апсолутно право,и тука барем за мене нема дискусија или давање некакво алиби на оваа непродуктивност.Второто е ,,зошто завршува експресно приказната околу името,,Тоа е така затоа што Бихаќевците односно вашиот лидер(ова ,,вашиот,, е со задршка)никогаш не испорача било какво решение за проблемот со името.Туку со таквото однесување им оди на рака како на соседот така и на оние од еУ и НАТО кој сакаат по било кој начин ова прашање се затвори.Со таквиот однос кој мора да признаете е неразбирлив за домашната јавност дури и иритирачки кога се одработува за туѓи интереси.Токму таквиот однос направи категоризација на ,,предавници и патриоти,,на кој немоќно се подсмевате или политички ја употребувате.Токму на место е советот на Бучковски во денешен Дневник,,опозицијата да собере храброст и да предложи решение,,Тоа е еден од излезите од опозициската жабокречина.
Не сте разбрале, 26.05.2012 10:08:06
Во спорот со Грција за името ги заборавате спомениците, преименувањата, тужбите во Хаг и постојаните провокации од страна на премиерот. Договор за името може да има само во смирена и пријателска атмосфера. Со сегашната влада нема да има договор затоа што таа не сака. Тоа му одговара на премиерот затоа што со договорот ќе изгуби една од најважните теми со кои го манипулира народот. На таа манипулација изгледа не се имуни ни нашите интелектуалци како што го тоа покажува вашата статија.
Istocna Makedonija, 26.05.2012 11:43:21
Profesore Spasov izvadeno od kontekst so vistinit apsurden primer pred 3 decenii.Procuen italijan- ski maratonski plivac se udavi poradi na grc,vo more na 200 metri od obalata,ner na trka kako kapac na plaza!I sega,nekoj nekogo ne mozel da pobedi po ova prasanje,ili vo nekoj oblast za koja e kompetenten,ekspert e,ama ima i kvazi eksperti.Ako ne e anegdota deka genijalniot A. Ajstajn imal problemi so obicni matematicki operaci (mnozenje,delenje),togas pravnikot,ekonomistot pagaat sami na svoj teren, na pravo,ekonomija!
Nikola, 26.05.2012 12:40:42
Многу добар последен пасус од колумната професоре. Се согласувам со тоа. Основното прашање е дали СДСМ има кредибилитет да зборува за некрадење на народни пари, за подобра наплата на даноци или на пример за тоа како неклкумина се збогатиле?
Kalimero, 26.05.2012 12:49:40
Se mi se chini deka e Grujo doveden na vlast, odnosno pushten da ja osvoi vlasta, so cel da go reshi problemot so imeto, a potoa da go shutnat. Ama toj nikako da go reshi, pa vleche i razvelekuva vo nedogled, se dodeka moze, a togaj ke go vrati vreliot kosten na onie shto mu go dadoa. Inache, ziv bog ne moze da me ubedi deka ne mozat da go shutnat od vlasta, posebno shto za ovie 6 godini Grujo napravi tolku gluposti i ja zadolzi drzavata do gusha. Mangupi se tie, ne se prosti, glupi i nesposobni kako shto pokushavaat nekoi da gi prikazat. Nego, kako da se reshi problemot so imeto, a da tie ne bidat odgovorni. Toa e sushtinata na problemot. Kalimero e samo sporedna stvar, koja so vremeto izgleda prerasna vo seriozen problem.
do neinformiranite, 26.05.2012 16:54:13
Pvtorno nekoj ne saka da ja priznae realnosta i koga ima dokazi za toa.Osven istoriskite dokumenti za postoenjeto na makedonskiot narod i jazik niz vekovite,megjunarodnata zaednica go priznava makedonskiot narod i jazik i konitinuitetot.Vo OON za grafata na jazici pisuva macedonian langueg,na skoro site portali i spisoci vo svetot pisuva i se pretstavuva nasata drzava so ustavnoto ime.Vo izvestaite od megjunarodni organizacii se bara prava za makedonskoto malcinstvo vo sosednite drzavi.Znaci svetot go priznava kontinuitetot na nasiot narod i jazik i ako ne bese opstrukcijata od juzniot sosed ke bevme primeni bez problem vo OON,EU,i site organizacii so naseto ustavno ime.Deka juzniot sosed ima pravo na veto,e zatoa ne mozat da ne primat vo nekoi organizacii,a ne poradi nesto drugo.
emil, 26.05.2012 19:44:41
opozicijata ima resenie za imeto i toa B.C. jasno go kaza vo poslednoto interwju i go predlozile 2005, no Grujo se sprotivstavil, demek poradi zagrozuvanje na identitetot i jazikot. istoto se slucilo i vo Bukurest. Toj samo glumi evrointegracija a gradi kic i nevkus niz gradov, polnejki si gi dzebovite so bratuchedot za beganje. zatoa toj ne saka vo Evropa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |