Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
25.05.2012, 17:30

Мислења

Зошто НАТО не касна од ајварот?

Петар Арсовски

Самитот на НАТО ќе расчисти повеќе дилеми: прво и основно, го цементира фактот дека времето работи против нас

Чикаго дојде, се одржа и помина. Како што очекувавме, таму добивме едно спектакуларно ништо. Не' потчукнаа по рамото, срдечно ни ја стиснаа раката, ни потврдија дека сме „супердечки“, ни повторија дека остануваат старите позиции и дека без решение за спорот со името нема НАТО и не' пратија дома со соодветно свиткана опашка. Е, откако дојдовме дома, сега ја кренавме опашката и активно го поливаме јавниот простор со политички тестостерон, гневни и фрустрирани од сопствената немоќ. Се поставува прашањето: што понатаму? Како ќе се реперкуира оваа серија порази на домашна сцена и кај јавноста?

Ако ништо друго, мислам дека последниот Самит на НАТО ќе расчисти повеќе дилеми врзани за ова прашање, како во јавноста, така и кај политичките партии. Прво и основно, го цементира фактот дека барем по ова прашање, времето работи против нас. На секој нареден самит, при секој наредна прилика, се' подолу сме на агендата, се' помалку време се посветува на ова прашање (со исклучок на спорадичните констатации дека сме биле онеправдани) и се' помалку мотивација има за интервенционизам од кого било и на каков било начин. Со други зборови, како што поминува времето, се' поголем дел од иницијативата ќе треба да доаѓа од наша страна, ако сакаме прашањето да го разрешиме на начин кој е прифатлив за нас.

За жал, наместо рационално сознание дека на овој проект ќе треба да му се посвети повеќе внимание и тоа час поскоро, кај нас се чувствува резигнација, замореност, цинизам и лутина, која е евидентна и кај партиите од власта и кај еден дел од јавноста.

Понатаму, евидентно е дека не работиме на тоа активно да ги подобриме нашите позиции, туку упорно ги влошуваме. Сега плаќаме дел од цената за стадионите, аеродромите, автопатиштата, за „Аце на плоштад“ и за упорната ескала��ија на реториката кон меѓународната заедница. Ако ништо друго, упорната антиквизација и аутистичното однесување за прашањето на идентитетот и името на нашите противници им дадоа совршен изговор: тие сега со полно право можат да тврдат дека не сме нација која е подготвена да се соочи со проблемот и да организира отворена и објективна дебата околу историјата и иднината, која низ некаква национална катарза би можела да отвори нов пристап. Напротив.

Спроти самитот, барем со два примера ги влошивме нашите позиции. Прво, интервјуто на премиерот непотребно и контрапродуктивно не' позиционира контра нашите стратегиски партнери САД и ЕУ, обвинувајќи ги за нефер и неправедно однесување. Дури тоа и да е вистина, таквата позиционираност ни носи штета. Второ, не поминаа ни 24 часа по Самитот, а ние го плеснавме и споменикот т.н. Филип на постамент, демек затскриен зад псевдонимот „воин“. Овие два примера (иако има и многу други) се доволни очигледно да покажат дека не сме подготвени за компромис, за суштинска дебата по тоа прашање, туку дека сме влезени во процес на политичка гетоизација, затворање кон с��пствениот инает, ретроградна паланечка логика и аутизам кон реалноста.

Трето, решавањето на прашањето за името не е само прашање на „виткање ’рбет“ за Македонија. Тоа е прашање на кое се докажува дека имате државотворен капацитет во поголемите колективни системи. Целата ЕУ е изградена врз база на национални компромиси. Всушност, европската идеја е идеја на оставање на националниот суверенитет зад себе, на негова инвестиција во една поголема колективна конфедерација. Државотворниот аудиум на една нација која пледира да стане членка на тоа семејство мора таа способност за компромис да ја апсорбира и демонстрира како доказ на созреаност, на иницијација кон поголемата цел.

Таков е случајот со Србија, која својата катарза ја доживува со Косово. Едноставно, созреаноста на едно општество да биде член на ЕУ, помеѓу другото, се мери преку капацитетот за компромис и возрасно одговорно однесување. На тој испит монументално паѓаме, што поставува едно посуштинско прашање: дали сме воопшто зрели за тоа друштво? Замислете, со нашиот проблем си дозволуваме да изразиме „мачнина“, во исто време кога една Србија за истата цел отцепува парче од својата територија или кога Германија одвојува милијарди евра токму за да ја спаси Грција и сето тоа во име на истиот возрасен и одговорен принцип на заедништво и заеднички пристап кон проблемите. Зарем ним им е помалку „мачно“? Замислете си кога Германија или Франција би се однесувале исто: „Јас сум лут и сега не играм?!“

На крајот, тоа е тоа: приликата ја пропуштивме, не знаеме дали без посериозни внатрешни промени можеме да се надеваме на каков и да е напредок околу тоа прашање. Но, иако цимолиме како напуштена љубовница, сето тоа останува фолклор се' додека државната политика остане посветена на евроатлантските процеси, преку заеднички вежби, континуирани реформи и упорно учество во заедничките мисии. Ако ја задржиме таа линија, другото ќе остане сценографија. Само ме плашат оние неколку тажни ликови кои сега ја увидоа приликата да повикаат да се повлечеме од Авганистан, да прекинеме соработка и да не учествуваме повеќе во мисиите. Страв ми е нашата немоќ да не се претвори во потреба за „вратка“, за дополнително оддалечување од НАТО. Имавме многу прилики да видиме како по секој пораз, стануваме уште поагресивни, уште послични на Србија пред бомбардирањето, уште потврдоглави. Тој политички атавизам, ако продолжи, многу ќе не' чини.

Со вакво однесување, едноставно ќе биде невозможно да бараме некој за нас да се заложи или да ни помогне. Напротив, ќе покажеме дека не е името проблем, туку ние самите, нашиот недостаток на политичка еманципација. Да не заборавиме, патот мора да го изодиме сами: на Македонија и' треба НАТО, а не обратно. Конечно, треба да почнеме така и да се однесуваме.

(Авторот е магистер по политичка комуникологија)

Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1336 пати.

Испрати коментар



Средната класа се изгуби заедно со стандардот
Калимеро од нашата улица
Новиот курс на Турција



do Petar, 26.05.2012 00:47:01
Cela EU e izgradena na kompromisi.I da e taka,sepak nikoja drzava tamu ne si smenila ime i identitet.Tamu kompromisite se za nekoi sitnici koi ne gi zagrozuvaat interesite na clenkite.Nas ni baraat drugi pravila koi vazat samo za nas i zatoa treba da im se zablagodarime i uctivo da gi otkacime.Sega svetot e multipolaren i ima drugi alternativi.Tamu na drugi mesta nema da ni baraat menuvanje ime.Druga tvoja greska e deka Srbija se otkazala od del od nejzinata teritorija.Ne se otkazuva tuku sprecuva dobivanje praven legimitet na Kosovo.Ete novo e sto Srbija spreci Kosovo da igra fudbalski natprevari kako drzava.Ni Hrvatska ne se otkaza od teritorija kako sto bara Slovenija.
Porebna e Nacrt Rezolucija na GS na ON za imeto!, 26.05.2012 01:16:32
NACRT REZOLUCIJA Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON, Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat, Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, , i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina, Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON, Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
jimmy1, 26.05.2012 04:24:54
Poarno sto nekasna, ke ni ostani nam.
jovan, 26.05.2012 06:02:36
Eve veke cela nedela se prasuvame *sto sega*, a bogami i eden kup odgovori i komentari se iznapisaa kako odgovor na prasanjeto. Zvanicno sto sega, ima koj da resi. I politicarite, i graganite, i citatelite, i pametnite, i budalite, site po nesto kazaa. Onie koj treba da go dadat odgovorot sigurno sledele ovaa nedela koj sto kazuva, pa valjda i dosle do nekoj odgovor. Ostanuva da pocekame i da vidime sto resile onie koj se plateni da resavaat i mislat. Site nie ostanatite, bez razlika od koja pozicija, kazavme sto mislime, so toa i dadovme kakov-takov pridones. Ako ne drugo, barem im ja prenesovme porakata sto custvuvame i kako se custvuvame posle se. Sega da gi ostavime na mira neka resat. Kaj nas obicno edna tema trae 5-6 dena, potoa se zaborava. Eve Smiljkovci veke go zaboravivme(a i togas se prasuvavme sto sega), pa da go zaboravime i Chicago, i da cekame *nova zabava*.
ФЕЛИКС, 26.05.2012 09:55:00
Тоа за временското циментирање треба авторот поздравно да му го испрати на Бихаќкиот лидер-илузионист,тој своевремено не убедуваше да времето работи за нас,за воља на вистината не кажа ,,на наша штета,,.Понатака имам две констатации најмалку.Првата е да по доживеаната ,,катарза,, Србија му заврте грб на одработувачот на ЕУ,а таа го ,,пушти по вода,, со предвремената честитка за победникот,невидена брука за оние од Брисел.Тој победник прати порака ,,бринуќемо се за Србе на Косову,,порака ептен горка за ЕУ.И прва државна посета да ќе му биде Русија а не некоја земја на ЕУ.И второ кога се се знае аналитички дали авторот има идеја како би се решил проблемот со името ама прецизно без непотребни флоскули.Доста е веќе она,,вие сте власт вие решете го проблемот,,
P.Petar, 26.05.2012 12:57:52
Do avtorot! Kategoricno tvrdite deka na Makedonija i e potrebno NATO! Ova go kazuvate vo stil na golem voeno-pioliticki komentator. Jas ve prasuvam objasnete mu na makedonskiot narod ZOSTO TOLKU MNOGU NA MAKEDONIJA I E POTREBNO NATO?? Dajte edna analiza a ne sostojbi pred svrsen cin.Vo Makedonija mnogu,mnogu lugje na se ubedeni vo vasiot stav!Ako mislite deka toa e edinstvena garancija za opstanok na edna nacija togas toa e sosema pogresno i neprincipielno.Sila boga ne moli no ima i obratna reakcija BOG sila ne moli!!Postojat i drugi TEPACI na ovaa planeta!!
Do Feliks, 26.05.2012 13:25:14
Feliks, stvarno si zabegal. Po tvoe, vladata da uziva vo privilegiite i parite, a problemite da gi reshava drug. Pa kade go toa ima? Na vlast doadjaat uslovno najpametnite, najsposobnite i so site drugi epiteti. Ako se prestanale da bidat pametni i sposobni, neka se povlechat, a ne kako slab uchenik: de kazi mi, kako beshe, daj da prepisham itn. I upamti, vlasta raboti - opozicijata kritikuva, a ne obratno. Nazalost, kaj nas e se *obratno*, a bogami i odvratno, vkluchitelno i tvoite komentari.
pameten, 26.05.2012 13:54:44
не сме нација која е подготвена да се соочи со проблемот и да организира отворена и објективна дебата околу историјата и иднината, која низ некаква национална катарза би можела да отвори нов пристап. во право си. Ова го зборувам неколку години. Спасот е во соочуването на вистинската историja и катарзa ...
девичанецот, 26.05.2012 14:30:28
Почитуван Петар, Секако, ќе дојде време кога тие што се залагаат за Нато...демек Нато или пропаст на државата, ќе се срамат за овие свои заложби, а можеби и јавно ќе бидат осудувани.
umnica, 26.05.2012 19:43:44
Do Feliks Pazi bogati, opozicijata da predlozi ime!? Taa nema legitimitet za toa. Se znae koj treba da go resi problemot. Ama toj saka toj da vladee a drugi da se spravuvaat so problemite. E ne moze taka! Neka povlece prav poteg, ako e maz! Ili poveke saka vakva sostojba, uste da go krade narodot, bez nikoj da go kontrolira. Slepi liste, pri oci?
pero, 26.05.2012 20:58:39
Да не му горчи на ВМРО??????????
tihi, 26.05.2012 22:15:51
Izgleda chovek treba da vi nacrta za da svatite.Za nekoi prashanja stvarno ne postoi odgovor.Pa koja antikvizacija im smetashe na grcite vo lisabon 92.Ama togash nemashe meko tkivo vnatre.Mu ja matelo na volkot vodata,jagneto koe pie voda nizvodno.Aman vekje.Vashata frustracija od dolgata apstinencija od vlast vi go pomatila umot i povtorno se lizgate na isti fori.
melbourne, 27.05.2012 02:56:59
Komentatori kako: devicanecot,felix,...,sigurno nemaat otvoreno karta na svetot da vidat kolkava eMakedonija kako IGRAC vo svetot.Edna Srbija kakvi otstapki pravi za idninata na gragjanite,a ne nie koi sme barem 3pati pomali od niv.Lugjeto kako Grujo ne i pravat dobro na Makedonija,so percenje vo svoeto maalo deka sum najsilen(tie vreminja pominaa uste pred 30tina godini).

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |