27.05.2012, 17:59 Мое ќоше
Прометеј во гаќи, власта гола
Ерол Ризаов
Бидете без гајле, се' е под контрола во последниот темен вилает на Балканот
Ниту еден критичар не успеа толку хиперреално да ја наслика македонската споменикоманија како што тоа го направи самиот мецена на нашата нова преродбеничка уметност. Комисијата за цензура, чуварот на сенародниот морал, го облече во бронзени гаќи античкиот митолошки јунак Прометеј да не му се гледа машкоста. Голиот чувар на вечниот оган го онеспокојувал народот. Срамота било, со својот орган, да предизвикува јавно соблазнување, или гадење, во зависност од бујноста на фантазијата.
Прометеј го облече богобојазната власт, но остана целосно разголена во својот примитивизам и тежок провинционализам кој ја заплиснува Македонија. Не како нов бран, туку како голем „талас“, поголем од цунами и како вековна заостанатост и анахронизам кој гротескно го отсликува последниот темен вилает на Балканот. Со овој крајно лицимерен чин станува сосема јасно колку многу знаат творците на новата македонска ренесанса, барок, рококо и хуманизам за уметноста. Всушност покажаа дека ништо не знаат и тоа ама баш ништо не им ни значи. Важно е само да се додворат на јавноста со тежок популизам како заштитници на лажниот морал.
Не дека македонските пуританци не го прошетале светот, па не чуле и не ги виделе најголемите светски ремек-дела и споменици кои сакаат да ги копираат нудејќи ни со лоши плагијати пославно минато да се чувствуваме подобро, туку нивните поданици потонати во мизерија и беда, во секојдневната битка да се преживее, разбирливо, не можат гладни и да ја видат сиромаштијата на духот и заробеништвото во кое сме длабоко западнати како во средните векови на инквизицијата.
Оковани сме во минати времиња каде што ловот на вештерки и јавниот линч добиваат легитимно право на граѓанство како херојски чин во заштита на нацијата, идентитетот и името на државата од клетите душмани и предавници. Повторно осамнаа по весниците дуплите страници на македонски непријатели. Овој пат тоа се „Tатковци и деца“. Не од славниот Тургењев, туку од преродбеникот Груевски. Продолжува срамната сапуница на ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи фотографии на македонски граѓани и нивните деца чиј грев е што се членови или симпатизери на политички партии, или некогаш биле тоа, а има и такви кои никогаш не биле во ниту една партија. Нивниот грев е да се биде син или ќерка, брат или сестра, или пак татко и мајка на деца кои критички гледаат на чекорите на Владата. Големо злосторство е во Македонија да се биде дете на симпатизер на политичка партија која шест години е во опозиција. Нивните слики со народни пари се печатат по весниците како да се болни од лепра.
Јавниот обвинител вообичаено молчи. Тој во тоа не гледа загрозување на човековите слободи и права.
Пред само еден месец осамнаа други едни потерници со фотографии на луѓе чии биографии секоја одделно се побогати отколку на целото горско началство на ВМРО-ДПМН��. За оваа срамна и понижувачка пресметка со политичките противници, тогаш јавно го прашав лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како се чувствува кога ги гледа овие катил ферамани на кои недостига само WANTED.
Одговорот стаса по неполн месец. Не само што Груевски уживал да ги гледа сликите на своите политички противници обесени по весниците, туку тој лично ја охрабрува револуционерната борба на партијата да се сотре до последен кој не е со нив. Според историската максима на големите демократи и патриоти: кој не е со нас е против нас.
За тоа не' пофали целиот свет, дури и американскиот Стејт департмент. Во својот годишен извештај за состојбата со човековите права како најголем проблем во Македонија е нотирано што владата не успеала сосема да го спроведе владеењето на правото, што се рефлектира со нејзиното мешање во правосудниот систем и во медиумите, во селективното гонење на политичките противници и значајното ниво на корупција. Тензиите меѓу Албанците и Македонците предизвикуваат загриженост, а исто така и дискриминацијата на Ромите и другите верски и етнички заедници, вели Стејт департментот. Па што, кој ги шиша. Нека си ги гледаат тие своите злоупотреби и нивното загрозување на демократијата.
За нас важно е што вели Никола Груевски: „Тоа се стандардни обични критики како и секоја година“. Многу утешително.
Бидете без гајле, се' е под контрола во земјата безнадежија. И власта и опозицијата, и судството и медиумите, апсолутно се', дури и алатот од бронза на Прометеј. |
|
Статијата е прочитана 3708 пати.
|
Испрати коментар
|
|
граѓанин, 28.05.2012 00:43:33 | ..Тоа е тоа..важно тој да изигрува културна мецена како да е феудалец од фамилијата Медичи, а народот кој го шиша.....народот веќе исчезнува од стресови, болести, самоубиства, убиства, емиграција....ќе станеме како Велигденските острови - насекаде само споменици и понекаде жилав абориџин....дури и бронзениот Прометеј веќе си ги помоча гаќите, од срам и стрес .... |
| bez trag, 28.05.2012 00:53:22 | Malce komicno no izgleda vistinito,,OD LJUBOMORA MU STAVIJA GAJCI,,se isplasi ja VMROVCITE od dolniot del na spomenikot...Vikaat bil mnogu NADAREN |
| cane sokolovski-toronto, 28.05.2012 05:04:51 | Некои работи навистина не знаев. На пример за она дека се објавувани слики на на фамилии чии татковци или мајки се членови на опозициони политички партии. Тоа е како ставање некого на столб на срамот и во основа одвратно. Почитуван господин Ризаов, не знам што мојот покоен татко Методија Соколоски би рекол сега за оваа гнаса од ситуација кај нас. Можби само онаа Латинска: Stupor et fines! |
| Itar Pejo, 28.05.2012 07:05:24 | Jas sum sokiran sto pred vladata e postavena skulptura na maz pogaci! Itoa gaci po model od tie na babami. Sokiran sum, ama sto mi vredi. Ne sum clen na neidentifikuvanata organizacija! Ako clenovite na ovaa organizacija go procitaat ovoj komentar, gi molam da interveniraat za ovoj pogacesko dobie soodvetna obleka. Da bide predstaven kako moderen, barok ili anticki makedonec. |
| Miki, 28.05.2012 08:39:11 | E moj Erole, porazno e, zastrasuvacki kolku tocno gi crtas bas kakvi sto se, neuki, licemerni, vlastobojazlivi, PRIMITIVNI DO SRZ! Malku se, mnogu malku sirokite vo umot, vistinski obrazovanite, gradskite..Gledame, slusame koj(sto) seta po ulicive, ojle-dojlevci odovde-odonde, so mnogu somnitelni svidetelstva, briceni glavi so edvaj dvocifren IQ, ama verni na partijata i Lidero! E za niv gakjite na Prometej gi sosija, i sega imame Grcki junak vo vmrovski becvi..!!! |
| kanagjanka, 28.05.2012 08:49:00 | Темниот вилает нема да стане дел од Европа се додека султанот македонски е на власт.Тоа е и тивката порака на ЕУ и НАТО до нас. Господине Ризаов, верувам и вам ви е тешко и мачно како и на дел од нас...a остантиот дел, на чело со врвни уметнички имиња се продаде на власта.Сите купени од неа се најстрашните македонски предавници. Во овие времиња е храброст да се биде на спротивната страна. Вистинските патриоти се броеле секогаш на прсти и тие ја движеле масата. Нашиот масовен патриотизам се повеќе наликува на Германскиот од 30-тите. |
| ФЕЛИКС, 28.05.2012 09:24:25 | Авторот е во право кога споменичарството го споредува со примитивизам и тежок провинцијализам плус крајно непродуктивното трошење пари кога недостасуваат многу работи во општествената живеачк Но авторот никако не е во право кога се л��пи на извештајот на САД за човековите права и почитување на правото.Тие се неприкосновени господари на животот и смрта при практикување на човековите права во светот.Таквото практицирање го осетија оние кој ги зафати Арапската пролет,животот во тие земји отиде по ѓаволите,жртвите се мерат со иљадници мртви,упокоени на ептен демократски начин.Практикувањето на правото стане каде нив наакана легенда.Не се почитува потпишана спогодба на која тие се ментор.Дури имаат настап кон спогодбите воопшто да ,,тоа е хартија која се цепи,пали или фрла во кош,,.И на крај би требало да се осврне авторот на тоа кој заговара федерализација,кој заговара странска интервенција,топтан ставови на целата опозиција.Не за друго туку за практикување неселективност и избалансираност |
| Utrinsko budenje, 28.05.2012 09:30:08 | Kade ni se kulturnjacive, i niv stramotata im se gleda i toa zadnata. Se zagnale kako zagari po nagradi i po akademii i slepi i kupeni se, pod totalna kontrola kako kokoski pod petel. Kade se akademicite... kade se pisatelite, likovnjacite, se skrija so liljacite za parce mezre. Toa e sramota a ne sramotata na Prometej. |
| Наташа, 28.05.2012 09:31:21 | Да Ероле! Пука филмот од сите глупости, залудно потрошени пари кои ги неммаме а кои ќе ги враќаме сите ние, богами и идните генерации.Потрошени во кич, во незнаење и во лечење комплекси. Тешко на народот и на државата доколку се случи НАРОД. Тешко кога ситуацијата ке излезе од контрола и кога празниот стомак наместо мозокот ке одлучува за иднината, за достоинствен живот. На народот сепак му треба лидер кој искрено ќе си ја сака државата и кој ќе знае да го трасира патот кон подобра иднина за сите, за еднаквите. Сега очигледно ни се случува парадоксот на Диоген. Што кога и сред белден ќе догори свеќата?
|
| Ljubitel na umetnosta, 28.05.2012 09:36:25 | Ti bre Erole kako od Mars di si padnal! Pa vo programata za rabota na Koce-pokroce, shto tvoite chitateli go izbraa, pishuvashe deka ke go restartira saatot na starata zheleznichka stanica. Ako toa mozhe, zoshto da ne mozhe da mu se skrojat gaki na Prometej? |
| NACRT REZOLUCIJA GSON (praven lek za imeto)!, 28.05.2012 09:47:34 | NACRT REZOLUCIJA
Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g,
Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON,
Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat,
Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, ,
i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina,
Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON,
Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
|
| Nikola, 28.05.2012 10:09:39 | A kakva vrska ima so nas, makedoncite, Prometej? |
| Kiro, 28.05.2012 10:14:08 | Se lici na zemja na slepci koi neznaat kade odat.A KOGA KE PROGLEDNAT I DELUVAT ? . Eden den site spomenicinja ke treba da se vadat i frlaat neli, a ke treba da se najdat i ovci da otkopuvaat. Uzas. |
| Кераунос, 28.05.2012 10:43:37 | Ерол,мислам дека по втор пат во своите писаниј
а говориш за некролозите на власта за опозициј
ата,и сосема си во право.Оваа власт не бира ср
дства за да го задржи своето,по се,нечовечно владениено.Стигматизацијат на семејствата на опозицијата поминува секаква граница на прист
ојност,макар ако е и од ВМРО,но ,за воља на ви
ната ,ни оваа власт нема да биде вечна.Колкава
штета ќе му нанесат на народот,со кого постоја
но се фалат дека ги избира толку пати,ќе се вос
танови тогаш кога тој исти народ ќе ги смени ка
ко што и ги избра |
| девер, 28.05.2012 10:50:07 | Пред триста години антиквизацијата се нарекуваше Класицизам. Денешната македонска антиквизација треба да се нарече Примитивизација затоа што примитивниот вкус и примитивните вредности на една тајфа од невоспитани и необразовани дечишта и се наметнуваат на целата македонска нација. Значи овој период на македонската историја еден ден ќе биде наречено со вистинското име ПРИМИТИВИЗАЦИЈА. |
| До Наташа, 28.05.2012 10:51:06 | Тоа не е Прометеј , тоа е Иво Лола Рибар со штафета! |
| poltronska umetnost, 28.05.2012 11:36:18 | Груевски: „Тоа се стандардни обични критики како и секоја година“, Pa i falbite na evrokomesarot za Makedonija bea obichni kurtoazni falbi kako i sekoja godina. Togash, zoshto Gruevski na site zvona gi objavi? Vtoro, edno golemo UAAAAA za skulptorot Adzievski, koj ne zastana pozadi svoeto avtorsko delo, tuku navedna glava i pokazha deka e bez integritet, poltron koj ja pogazi umetnosta. Ne zboruvam dali negovoto delo ima vrednost, zboruvam za postapkata na PRISTANOK na nagrduvanje na deloto. Togash kakva vrednost ima taa skuptura koga sekoj mozhe da ja, nadograduva!? |
| Vesna, 28.05.2012 12:50:17 | ne mi e jasno kako Prometej ke se vklopi vo semata so spomenicite vo zena park posveteni na borcite od NOB? Koja e vrskata? A toa so pokrivanjeto ne vredi ni da se komentira. |
| Mapkoc, 28.05.2012 12:52:22 | Црна Македонијо! Ти без отпор им се даваш на силувачите, кои така од тебе лесно ќе направат талибанија. За разлика од правите талибанци, кои „некни„ со динамит ги разнесоа чувените статуи на Буда во Бамијан, домашните, гледаме, уништуваат со помош на „голем број женски невладини организации„(божем од цивилно општество!). За овие чувари на моралот морално е да се жените тепани, обесправени, да илјадници граѓани гладуваат. Тука е и „кооперативниот„ автор на Прометеј, кој безбели, исто така кротко, би го направил спротивното – ако дојдат просветени владетели. Дали до тогаш ќе преживеат толкави „разголени„ статуи, слики на ангелите, па и атракцијата на Струмичкиот карневал - големиот фалус, симбол на плодноста? За човештвото е пак среќа да нема вакви хигиеничари, кои пуздер би ја направиле и светската ризница на уметнички дела - онаа во Ватикан. |
| Ljubitel na Franz Kafka, Dostojevskij, Shakespeare..., 28.05.2012 17:37:12 | Zanimlivo... Pozdrav do vas. g. Erole. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|