Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.05.2012, 18:37

Агрокомбинатот „Џумајлија“ во претстечајна постапка

 

Дали за Комбинатот ќе биде воведен и стечај ќе се знае на 4 јуни

Иван Бојаџиски


Штип – Над „Џумајлија“ од Лозово, вториот по големина агрокомбинат во државата, деновиве е воведена претстечајна постапка. Вакво решение донесе Основниот суд во Штип, кој за привремен стечаен управник ја назначи Владица Ивановска од Свети Николе. Дали над Комбинатот ќе биде воведен и стечај, што е многу извесно дека ќе се случи, ќе се знае на 4 јуни кога во штипскиот суд ќе се одржи првото рочиште.

„Во текот на претходната стечајна постапка треба да се испитаат условите за евентуално отворање на стечај. Решението ќе зависи од тоа дали имотот на агрокомбинатот е доволен за да се намират трошоците по стечајната постапка“, вели Ивановска.

Според привремената стечајна управничка, најважно во овој дел од процесот е тоа што со ова решение на судот се изречени и повеќе мерки за обезбедување на имотот од натамошна присилна наплата на побарувањата со одземање на движниот и недвижниот имот на „Џумајлија“. Ваков процес на наплата се случуваше во изминатите месеци, кога преку извршители од Свети Николе и од Штип некои од доверителите се обидоа да дојдат до своите пари. Таквиот обид крена на нозе близу 500 лозари од Тиквешијата и Овчеполието, кои, кон крајот на јануари годинава, протестираа пред канцеларијата на еден од светиниколските извршители. Лозарите бараа ист третман за сите доверители, при што рекоа дека комбинатот им должи два милиони евра на име неисплатено грозје за последните две години. Постапката за присилна наплата кај извршителот беше сопрена, но дали лозарите ги добија своите пари никогаш потоа не беа дадени никакви информации.

„На првото рочиште во судот ќе се изјаснуваат сите странки за поведување стечајна постапка. Во ова меѓувреме државата ја раскина концесијата со АК „Џумајлија“ за 5.000 хектари кои на комбинатот му беа дадени да ги работи. Од овие површини околу 400 хектари се под лозови насади, а ние обезбедивме тие да се работат бидејќи се во добра кондиција. Се работи и на сто хектари под луцерка. За работа на нивите беше упатен повик до сите 180 работници на комбинатот, а добар дел од нив се одзваа и тие за својот ангажман ќе бидат исплатени“, вели Владица Ивановска.

Пропаста на големиот агрокомбинат, кој беше купен од светиниколчанецот Зоран Даневски, а кој е познат и како поранешен директор на Ветеринарната државна управа, беше најавена на почетокот од годинава кога Основното јавно обвинителство во Свети Николе поднесе кривична пријава против него поради злоупотреба на службената положба и овластувања. Според пријавата, Даневски ја оштетил државата за сума од 1,5 милион евра.

Имено, во текот на 2010 година, со договор меѓу Дирекцијата за стоковни резерви и АК „Џумајлија“, во силосите на комбинатот биле складирани и оставени на чување 4,4 милиони килограми меркантилна пченица и еден милион килограми јачмен. Кога во текот на годината луѓе од Дирекцијата за стокови резерви извршиле инспекција на состојбата со државните резерви, во магацините на комбинатот недостигале близу 2,2 милиони килограми пченица, поради што против Зоран Даневски била поднесена кривична пријава. Бидејќи тој процес се одвивал на стартот од новата жетва, Даневски бргу, од новата реколта го надоместува кусокот, и поради тоа по кривичната пријава не се постапувало. Два месеци по првата инспекција во комбинатот повторно дошле луѓе од Дирекцијата за стоковни резерви. Тогаш било утврдено дека од вкупните резерви во магацините не останало ниту зрно.

Откако ОЈБ во Свети Николе поднесе кривична пријава против Зоран Даневски, и притоа носи привремена мерка на забрана за располагање со имотот на АК „Џумајлија“, но и со имотот на останатите пет негови тр��овски друштва, а Основниот суд донесува решение за спроведување истрага против него, првиот човек на агрокомбинатот бега од Македонија. Бидејќи судот не може да го најде во државата, судот распишува меѓународна потерница. Зоран Даневски неколку месеци успешно се крие по светот, а шпекулациите одеа во разни насоки. Дека е во Америка и дека таму си купил американско државјанство, дека е во некоја латино-американска држава до тоа дека е во соседството, во Бугарија. Пред извесно време во нашите медиуми проструи веста дека тој бил уапсен во Бугарија, но потоа немаше никаква информација за тоа дали Македонија побарала тој да биде вратен во државата за пред судот да ја докажува својата (не)вина.


Статијата е прочитана 1328 пати.

Испрати коментар



Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Собранието ќе ја продолжи расправата за ребаланс на Буџетот
Најмалку 22 мртви во земјотресот во Италија
СДСМ
Собранието нема да одржи итна седница за НАТО и ЕУ
Работниците и газдите да не одат на суд
СДСМ ќе поднесе иницијатива за Национална стратегија за медиуми
Оригинален документ од предлогот на Нимиц во 2005 година
Отворена манифестацијата „Денови на занаетчиството 2012“
Нов бран и во ДУИ
Во администрацијата ќе се воведе систем заснован на компетенции
Царината доби опрема вредна 30.000 долари
Рекорд во Германија - Сонцето замени 20 нуклеарни централи
Собранието расправа по ребалансот на Буџетот за 2012
Данци со сомалиско потекло уапени поради тероризам
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Нов земјотрес во Италија, бројот на загинати расте
Црвенковски - Груевски во 2005 одби предлог - Republic of Macedonia
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Ставрески
Џемс Бонд од нашиот сокак
Грчките вили пресолени за македонски купувачи
Светот е бесен по масакрот во Сирија
Грчки историчар бара помош од Путин за Вранишковски
Ставрески - Економијата три пати подoбра од времето на СДСМ
Тешки криминалци во грчката „Златна зора“
Тешко повреден македонски државјанин во сообраќајка во Србија
СДСМ предлага мерки за реформа на јавната администрација
Иванов - Можеме да бидеме горди на македонските војници
Предавања на медицинскиот тим на „Аџибадем Систина"
Жена загина во експлозија на бомба на пазар во Бихаќ
„Темјаника“ на „Тиквеш“ доби бронзен медал во Лондон
Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 27 луѓе
Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Државата дава под закуп 8.703 хектари земјоделско земјиште
По поразот, Тадиќ се готви за премиер
Европско решение на спорот за името
Собранието ќе расправа за интерпелација на Ставрески
Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и Косово
Го бркал соседот со секира за паркинг-место
На Прометеј му облекоа гаќи
Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Осум цивили загинале во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



jovan, 29.05.2012 00:30:09
Ovoj e noviot Daravelski. Nema nikogas da go vratat ovde od pricina sto tamu se vmesani i nekoj za koj ne smee da se zboruva.Danevski e samo izvrsitel i nisto poveke. Vo toj kombinat mnogu poodamna ima igri *nati-dajmi*, so poznati oligarsi, a barem do sega tie nikogas ne odgovarale pred Zakonot. Za niv ke treba da odgovaraat ili cel zivot da se krijat onie na koj im nareduvale da potpisuvaat, a ovie od lakomost ja prifatile igrata. Toa e nasa poznata sema na kradenje drzaven imot vo korist na *uspesnite* biznismeni. Sitna riba potpisuva i odgovara, krupnite go zemaat kajmakot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |