Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.05.2012, 10:31
По поразот, Тадиќ се готви за премиер



БЕЛГРАД - Борис Тадиќ, одморен од поразот на претседателските избори пред една недела, вчера се претстави како кандидат на неговата партија за помоќната премиерска функција во државата, на чело на обновената централно-левичарска коалиција. „На прашањето дали сум подготвен да ја преземам улогата на премиер, одговорив со ’да‘ под услов целите, принципите и планот за работа што им ги презентирав на нашите коалициски партнери да бидат прифатени“, изјави Тадиќ пред новинарите по тричасовниот состанок на раководството на Демократската партија (ДП).

Тој најави дека за парламентарното мнозинство прво ќе разговара со коалицијата СПС-ПУПС-ЈС и дека верува оти со нив ќе постигне договор за парламентарно мнозинство. Тадиќ нагласи дека никогаш не доаѓала предвид, ниту пак ќе дојде предвид каква било коалиција со СНП. Според неговите зборови, за третиот партнер во владата ДП ќе разговара со првите луѓе на коалицијата СПС-ПУПС-ЈС.

Тадиќ нагласи дека идната влада треба да биде вооружена со цели и вредности како и со план кој е реален и остварлив. Тој истакна дека ќе дојде време и за анализа на резултатот на изборите, како и за анализа на одговорноста. „Се соочуваме со големи проблеми, но верувам дека доаѓаат подобри денови за Србија“, порача Тадиќ по состанокот на врвот на ДП.

На коментар на новинарите дека „сите го молат да биде премиер и дека молбата наскоро ќе стигне и до претседателот на Републиката“, Тадиќ изјави дека Томислав Николиќ тоа веќе на некој начин го направил изјавувајќи дека лидерот на ДП треба да одлучи дали сака да биде премиер.

„Нешто не гледам дека во моментов сите се туркаат околу местото претседател на влада, додека само пред неколку недели тоа беше атрактивно место. Што да ви кажам, се менува политичката ситуација во Србија, веројатно тоа сега е едно жешко место, но боже мој, беше такво и претседателското место во изминативе осум години, па успеавме да ги одбраниме интересите на државата“, изјави Тадиќ.

На прашањето зошто, сепак, се одлучил да прифати да биде кандидат за премиер откако во изборната ноќ на 20 мај изјави дека сигурно нема да биде, Тадиќ одговори: „го кажав тоа што го мислев и чувствував“.

„Ако ме прашате дали по притисокот и барањата од партијата сум го променил мислењето, ќе ви кажам дека таа ноќ го кажав тоа што го мислев и чувствував и беше повеќе од очигледно дека го зборувам токму тоа што е во мене. Немав никаков резервен план во тој момент и бев целосно ориентиран на претседателските избори“, објасни Тадиќ. (Б92)




Статијата е прочитана 845 пати.

Испрати коментар



Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Собранието ќе ја продолжи расправата за ребаланс на Буџетот
Најмалку 22 мртви во земјотресот во Италија
СДСМ
Собранието нема да одржи итна седница за НАТО и ЕУ
Работниците и газдите да не одат на суд
СДСМ ќе поднесе иницијатива за Национална стратегија за медиуми
Оригинален документ од предлогот на Нимиц во 2005 година
Отворена манифестацијата „Денови на занаетчиството 2012“
Нов бран и во ДУИ
Во администрацијата ќе се воведе систем заснован на компетенции
Царината доби опрема вредна 30.000 долари
Рекорд во Германија - Сонцето замени 20 нуклеарни централи
Собранието расправа по ребалансот на Буџетот за 2012
Данци со сомалиско потекло уапени поради тероризам
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Нов земјотрес во Италија, бројот на загинати расте
Црвенковски - Груевски во 2005 одби предлог - Republic of Macedonia
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Ставрески
Џемс Бонд од нашиот сокак
Грчките вили пресолени за македонски купувачи
Агрокомбинатот „Џумајлија“ во претстечајна постапка
Светот е бесен по масакрот во Сирија
Грчки историчар бара помош од Путин за Вранишковски
Ставрески - Економијата три пати подoбра од времето на СДСМ
Тешки криминалци во грчката „Златна зора“
Тешко повреден македонски државјанин во сообраќајка во Србија
СДСМ предлага мерки за реформа на јавната администрација
Иванов - Можеме да бидеме горди на македонските војници
Предавања на медицинскиот тим на „Аџибадем Систина"
Жена загина во експлозија на бомба на пазар во Бихаќ
„Темјаника“ на „Тиквеш“ доби бронзен медал во Лондон
Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 27 луѓе
Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Државата дава под закуп 8.703 хектари земјоделско земјиште
Европско решение на спорот за името
Собранието ќе расправа за интерпелација на Ставрески
Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и Косово
Го бркал соседот со секира за паркинг-место
На Прометеј му облекоа гаќи
Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Осум цивили загинале во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Neprijatno iznenaden, 28.05.2012 12:31:48
Go cenev i pochituvav, no ovaa ne mu trebashe. A ubavo reche po porazot, ne sakam i ne mozam da bidam premier, shto beshe mnogu chesno i korektno. No ne za dolgo. Sepak bil politichar, a ne chovek koj se drzi do zborot i moralot. Shteta!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |