Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
28.05.2012, 20:41

„Бардо" освои две награди на „Астерфест"



„Златната потковица" ја доби британскиот филм „Откачување", а наградата „Ѓорѓи Абаџиев" му припадна на „Пијано" од Ерменија

„Златната потковица" на 8. Интернационален филмски фестивал „Астерфест", која се доделува за документарните филмови од програмата "Астердокс", ја доби британскиот филм „Откачување" на Финлај Претсел и Адријан Мекдауел, чија откачена приказна го следи годишниот фризерски натпревар во еден шкотски затвор. „Сребрената потковица" отиде за холандскиот филм „Оние другите", кој многу луцидно ни го открива "егзотичниот" свет на племето Мурси, виден низ очите на европските туристи. Режисерите на овој филм се двајца туристички работници Илја Кок и Вилјем Тимерс. Додека, третата награда, односно „Бронзената потковица" ја освои неверојатната ода за осаменоста, шведскиот филм „Клаес" на Мартина Карлштед.

Македонскиот режисер Владимир Блажевски и двајцата негови колеги, Срѓа Пенезиќ, режисер, писател и продуцент од Лос Анџелес и Александар Штиглиќ, режисер и експерт за анимација од Нови Сад, кои беа членови на годинешното жири, изјавија дека го преземаат целиот ризик определувајќи се за овие филмови, иако знаат дека некое друго жири би одлучило поинаку.



Македонскиот краток игран филм „Бардо" на Марија Апчевска, со кој се отвори фестивалот и кој пристигна во Струмица директно од Берлин, освои две награди. Жирито го прогласи овој филм за најдобар во програмата за кратки играни филмови "Глобална фикција", а исто така, му припадна и наградата "Ацо Алексов" за најдобар млад македонски автор. А новововедената награда "Ѓорѓи Абаџиев" за најдобро сценарио отиде кај француско-ерменската копродукција "Пијано" на Левон Минасиан.

За најдобар анимиран филм беше прогласен полскиот "Изгубениот град Свитез" на Камил Полак, направен по една епска поема од 19 век. "Старозлатниот проектор" го доби потресната руска животна приказна на Рајнер Лудвигс "Приказната на Леонид", која комбинира анимација и документарност, а Специјалната диплома му беше доделена на исклучителниот црногорски филм "Животот, приклученијата и одржливиот развој на еден петел" на Владимир Перовиќ. Во програмата "Мувиленд", фокусирана на современите кратки филмови од Русија, наградата ја доби "Ќе го заборавам овој ден" на Алина Рудницкаја. (С.У.)



Статијата е прочитана 433 пати.

Испрати коментар



Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
Триумф на македонските филмови на „Астерфест“
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти
Овации за Симон Тр��чески и од норвешката публика
Бијонсе изгубила 27 килограми за 4 месеци
Миранда од „Сексот и градот“ се ожени
Мето Јовановски со „Еден Пикасо“ награден во Бугарија
„Бурановски бабушки“ ќе градат црква со парите од Евросонг
Уште едно признание за краткиот филм „Години на самотија“
„Златна палма“ за „Љубов“ на Михаил Ханеке
Филмот за племето Мурси ги засрами Европјаните
Македонка победи на „Мис Балкан 2012“
В година повторно на Евровизија
„Зад ридовите" и „Љубов" фаворити за „Златна палма"
Шведска победник на Евровизија, Калиопи дванаесетта
(ФОТО) Србија ни подари копија од златна маска од Требениште

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |