27.05.2012, 17:04 В година повторно на Евровизија
„Презадоволна сум, пресреќна! За мене и за нашиот евровизиски тим, сепак, најрадосна вест беше дека успеавме да влеземе во финалето. Да го разбиеме малерот! Ех, колку прекрасно чувство...
Валентина Тодоровска
Калиопи, како си? Ова издание на Евровизија навистина понуди интересна програма, силна конкуренција, моќни вокали, перформанси… Колку си задоволна од пласманот, од 12. позиција?
„Презадоволна сум, пресреќна! За мене и за нашиот евровизиски тим, сепак, најрадосна вест беше дека успеавме да влеземе во финалето. Да го разбиеме малерот! Ех, колку прекрасно чувство... Освен тоа, многу интересни песни останаа без пласман и во двете полуфинални вечери, па иако бев без особени очекувања, туку што подобро да ја изведеме песната, сепак се надевав… Сакав да оставам трага, а судејќи по реакциите, задоволна се враќам во татковината“.
Многумина беа обеспокоени со аманетот што го остави пред заминување, дека одиш без оптоварување, туку со цел да ја претставиш Македонија на вистински начин?
„Ме блокираат ветувањата за кои не сум сигурна дека можам да ги исполнам. Не сакав да се оптоварувам со пласмани, бројки, каде што е уметноста нема сметки, нема математика. Мојата најважна мисија беше добар впечаток... Бев како на крилја тие три минути на сцената на Кристалната сала во Баку, и довека се вљубив во „Црно и бело“. Јас сум вечен ентузијаст, кој го живее својот свет со сите плими и осеки, згоди и незгоди, прифаќајќи ги подеднакво силно добрите и лошите страни на туѓите светови“.
Трема?
„Ја немав, но чувствував голема возбуда“.
Шефицата на нашата делегација, Мери Попова, во интервјуто дадено за „Утрински весник“ пред самото заминување прв пат прогнозираше дека ќе имаме финале и добар пласман, бидејќи годинава сме со комплетен „пакет“ - и пејач и песна. Патем имаше и силна екипа околу себе?
„Тоа е просто неверојатно. Музиката секогаш ми ги креираше патеките по кои се движев. Поведена од сопствената интуиција, ги пронаоѓав луѓето и вистинското време кога одредени нешта треба да ми се случат. Така и сега“.
Новинарите што ја следеа Евровизија во Баку, ти беа особено наклонети. Не ме изненадува, и тука имаш добра комуникација со седмата сила?
„На мое огромно задоволство, од страна на медиумите и надвор од нашите граници, наидов на огромна почит како и на висока професионалност. Сепак, дома си е дома, тука новинарите ме доживуваат како своја и, се разбира, нашата комуникација секогаш ќе биде поинаква, поемотивна…“
Според нивните гласови, ти се пласира на 6. место, ја доби престижната награда на Национална музичка академија на Азербејџан… Од учесниците беше прогласена за морален победник… Сето ова ми звучи како да остави нешто недовршено, можеби за следната година на Евровизија?
„Зошто да не? Евровизија е вистинско чудо и навистина уживав овие две недели колку што бев во Баку. Инаку, најмногу се израдував за тоа што ме нарекоа - морален победник. Мислам дека за еден уметник нема поголема сатисфакција од тоа“.
Ќе смени ли Евровизија нешто во твојата кариера? И што мислиш за годинешната победничка, претставничката на Шведска?
„Лорин е дефинитивно голем артист, со убиствен перформанс. Ми се допадна многу, фантастична е. Што се однесува до мојата професионална иднина, верувам дека нештата драстично ќе се сменат - остварив многу контакти, познанства, па и пријателства со многу музичари, продуценти... Времето ми е сојузник, и овој пат, првин ќе скокнам, па ќе речам - оп!“ |
|
Статијата е прочитана 7515 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Makedonija e fantasticna, 27.05.2012 22:02:13 | Kaliopi dobi najpoveke aplauzi od publikata na evrovizijata i e dokaz deka bese najdobra a Jaksimovic bese na isto nivo lorin e plagiot i vo Svedskite vesnici pred dva dena e kritikuva ali kako Iranka so poteklo pa site muslimi ja podrzuva inace trebase Opi ili Zelko da pobedi................ |
| od luxemburg, 28.05.2012 00:45:24 | Nasata gordost nasata estradna ambasadorka vo svetot i nasata evropska moralna pobednicka na eurosong. Drugoto samata Kaliopi go kaza i izvede na binata so mnogu emocii i ljubov za nasata tatkovina |
| Od Milan, 28.05.2012 01:57:13 | emi neli be sestro pred nekoja godina nejkese nikoj da vidis vo RM poso ne glasaa za tebe, i nikogas nemase da pees na evrovizija a sea sakas pak da si odela. Prezadovolna si so 12 mesto?! bravo nema so kako so kosarkarite so bea pezadovolni so 4 i rakometarite so 5 epa ne se cudete so sme na dnoto u svet ( ne u evropa), predlagam i tebe medalja da ti se dade za visokoto 12 mesto na koe da potsetam Srbija i Albanija bea 3 i 4. I neli od patriotizam ne si gi sakame EU u Nato e be makedonce osvesti se i proteraj gi site lazni patrioti od zemjava vklucitelno i Kaliopi |
| Mene, 28.05.2012 06:52:27 | Prekrasna pesna, odlicna izvedba(toa i e profesija)pa zarem e eftin ovoj marketing na Makedonija.Poglednete ja cenata na ovoj komercijalen marketing.Se prasuvam koj ke go ima charot? Se razbira Kaliopi ke inkasira tripati povece nego li Makedonija, pa zatoa ona se lutese dosega deka nebese izbrana da pee na Eurovizija.Napomenuvam odicen glas, prekrasna pesna, pa ako go pravese toa za dobroto na zemjata si svoja, zosto ne go napravi bez da naplati???
Pusti sitni dusicki bez pari ne mozelo da se raboti, se da ostane vo posirokoto emejstvo,Romeo,Kaliopi,Vasil .....
|
| Petre, 28.05.2012 08:26:23 | Годинешнава Евровизија , дефинитивно беше на највисоко ниво од сите досегашни, како по спектакуларноста на салата и техниката во неа така и по квалитетот на изведувачите и песните. Уживање за очите и ушите. Браво за Баку и сите учесници. Што се однесува до Калиопи исто така едно браво и за неа, убава песна, прекрасен глас и одлична изведба. И уште нешто што ми остави пријатен впечаток: коментаторот на Македонската телевизија Каролина Петковска ни еднаш не го спомена името на јужниот сосед. Коментирајки за оваа земја го употреби само терминот „Јужен сосед “ и Атина. Исто како што тие не именуваат нас. МИслам дека сите Македонци така треба да ја ословуваме оваа земја. Браво Каролина. |
| Karolina Dukik, 28.05.2012 09:47:51 | Ah bre Milan. |
| od prilep, 28.05.2012 09:49:38 | do toj od milano zosto ne glasase od tamu e pa do kade sto ima albanci i srbi si glasaat od dijasporata za sramota nikoj od dijaspora od evropa ne glasase bravo za Kaliopi |
| Istocna Makedonija, 28.05.2012 11:02:02 | Za Karolina,Petre i slicni!Dosta so kompelksite na
niska vrednost i navredena sueta.Degutantno e
juznuve od nas,na oficijalen drfzaven TV kanal da ne se naslovat kako sto se-Republika Grcija.
Zatoa sto tie se toa,a nie sme Republika Make-
donija i Grcite gubat koga manifestiraat nertpe-
livost i negivanje na nas-Makedoncite,gragani na
suverena,nezavisna,samostojna-Republika Make
donija.Vprocem,ova i go poentirase nasata muzic
ka diva-Kaliopi na nevkusnite i niski grcki provoka
cii vo Baku! |
| Партизанот, 28.05.2012 11:10:46 | Браво за успехот и добриот настап требаше веке такво нешто. Само се надевам дека за неа е тоа почеток, а не врвот на кариерета. Како може една Адел да постигне многу а Калиопи не значи треба песна и треба рефрен се друго поседува во изобилство. Би сакал на една од светските музички тв да видиме некој наш а Калиопи има потенцијал за искуство да не говориме и фали уште добра песна и нормално поддршка за тоа. |
| Dani, 28.05.2012 14:50:40 | Има сега да ни се качи на глава !!!!!! |
| dalibor, 28.05.2012 15:00:53 | Најдобра песна на Евровизија убедливо.. |
| Do MILAN, 28.05.2012 17:04:51 | Sekoja cest za Kaliopi. Moeto mislenje e deka plasmanot trebase da bide od PRVATA do PETTATA pozicija. Ti, (Milan)vo komentarot gi ispomesa site babi-zabi.ili toa drugoto sakam kazam ,ne znam recam. Eve Joksimovic,povtorno si ispe na svoj jazik,povtorno kavalot na scenata...povtorno Srbija bese vo vrvot,na tretoto mesto.Koga se vrsi izbor za pesna za Evrovizija,treba i mora da bide dokazan vokal,da se ispee na Makedonski jazik,kompozitorite treba da stavat nesto od Makedonskiot melos,nekoj od tradicionalnite Makedonski muzicki instrumenti,da isklepat nesto dobro,odnosno nekolku takvi pesni i normalno edna od niv so dokazen,dokazen vokal.Bevme svedoci na mnogu neprijatni slucuvanja. Narednata godina ne treba da ima steluvanje,gluposti.Tuku kvalitetn muzicki vokal i nekolku pesni,i od tie pesni da se izbere najdobrata za Svedska. Edna od dokazanite Makedonski vokali e Kaliopi.Vodete smetka za toa.Poradi takvite vrski cetiri godini ne ja gledavme Makedonija vo finalnata Evrovizijska vecer |
| Немаат сите амнезија, 28.05.2012 17:35:25 | Кој ќе ја слуша сега колку ќе се фали. А за тука имаш добра комуникација со седмата сила, така е затоа што вие новинарите сте заборавни, до пред некоја година колку плукаше по Македонија, повеќе немала да настапува дома и слично а сега одеднаш пак сака да оди! |
| Лаура за Makedonija e fantasticna, 28.05.2012 18:56:09 | Овој мој коментар е наменет на авторот на натписот Makedonija e fantasticna. Сакам да му помогнам да си ги излечи своите флустрации. Имено и Калиопии и Желко беа навистина добро, но зошто ги споменува муслиманските гласачи. Зарем Босна, Албанија и Турција не ни дадоа гласови. Е мое другарче и јас и ти треба да се запрашаме за нешто друго да ги оставиме настрана муслиманите. Колку гласови Калиопи доби од Бугарија и Грција (нели цело време велиме дека таму има многу македонци) или и во Бугарија и Грција ни се криви муслиманите. Време е да си водиме грижа за тоа зошто Македонците што живеат во Бугарија и Грција не гласаат на нас . . . а на муслиманските гласачи да им се заблагодариме што не ценат и ни подарија гласови. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 27°C, ��ин: 13°C
|
|
|
|
|
|