28.05.2012, 20:31 Грчките вили пресолени за македонски купувачи
По ланската еуфорија за купување недвижен имот во Грција, годинава никој не прашува за апартман на море
Руски и бугарски богаташи навалија на вили во Грција, македонските купувачи годинава не купиле ниту една. Цените на вилите и апартманите на море кај јужниот сосед ги оладија македонските граѓани. По ланскиот бум од понуди за купување куќи на Егејско Море, во нашите агенции за недвижен имот деновиве речиси никој не прашува за имот во Грција. Незаинтересирани се и грчките огласувачи, кои не се јавуваат да го рекламираат својот неподвижен имот. Минатата година интересот беше голем, но се склучија многу малку купопродажни договори со македонски бизнисмени. Инсистирањето на нашите купувачи за намалување на цените ги демотивира грчките продавачи кои, и покрај кризата, не се расположени да ги намалуваат цените на своите имоти покрај море. (С.Н.)
(Поопширно во печатеното и електронско издание на „Утрински“)
|