Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.05.2012, 17:54

Светот е бесен по масакрот во Сирија

АМАН/ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Советот за безбедност на ОН во неделата едногласно ги осуди убиствата на најмалку 108 лица, вклучувајќи и голем број деца, во сирискиот град Хула, знак за се' поголем бес поради масакрот за кој власта и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат. Слики од крвави и безживотни тела на млади лица, легнати внимателно едни покрај други по убиството во петокот, што предизвика шок низ целиот свет и го нагласи неуспехот на шестнеделниот план на ОН за прекин на огнот за ставање крај на насилството.

Западните и арапските држави кои се противат на сирискиот претседател Башар ал-Асад вината за масакрот ја гледаат кај власта. Но, Дамаск ги отфрла обвинувањата. „Советот за безбедност најостро ги осудува убиствата, потврдени од набљудувачите на ОН, на десетици мажи, жени и деца и повредувајќи уште стотици други во селото Хула во близина на Хомс, во напади што вклучуваа серија владини артилериски и тенковски гранатирања врз резиденцијални области“, се наведува во необврзувачкото соопштение. „Таквата жестока употреба на сила против цивилно население претставува кршење на применливото меѓународно право и на ангажманите на сириската влада според резолуциите на Советот за безбедност на ОН“, се навевува во соопштението.

Русија, која заедно со Кина ставија вето на две резолуции на Советот за безбедност во кои се бараше построги акции против Дамаск, соопшти дека „трагичните“ настани во Сирија заслужуваат осуда и побара проценка од ОН на насилствата во земјата. Рускиот заменик амбасадор во ОН, Александар Панкин изјави дека околностите во кои се случи масакрот биле „нејасни“ и ја отфрли идејата дека доказите јасно покажуваат оти Дамаск е виновен. Првиот човек на набљудувачкиот тим на ОН, генералот Роберт Муд, го информираше Советот преку видеолинк. Панкин изјави дека Муд „директно не го поврзал (армиското) гранатирање со бројот на загинати“.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, испрати писмо до Советот со кое изгледа им даде муниција и на двете страни. Тој рече дека набљудувачите „ги виделе мртвите тела и потврдиле од испитувањето на фактите дека артилериски и тенковски гранати биле истрелани кон резиденцијални области“. Бунтовниците немаат артилерија и тенкови.

Но, Бан, исто така, наведе дека набљудувачите на ОН забележале и прострелни рани кај некои од телата, што би можело да укаже на напади одблизу од страна на бунтовниците, како што напомена Панкин, или тие би можеле да бидат резултат на последователните напади од страна на армијата откако сопрело гранатирањето. „Додека се непознати деталните околности, ние може да потврдиме дека имало артилериско и минофрлачко гранатирање“, изјави Бан. „Имало и други форми на насилство, вклучувајќи и пукотници одблизу и сериозни физички малтретирања“.

Британскиот амбасадор Марк Лајал Грант воопшто нема сомневања за тоа кој е виновен за настаните во Хула. „Јасно е дека масакрот во Хула е предизвикан од жестоко бомбрадирање, од владина артилерија и тенкови“, изјави Лајал Грант. По состанокот на Советот, тој наведе дека е време Советот да дискутира „за следните чекори“ – шифра за санкции.

Меѓутоа, Русија ја отфрли идејата за санкционирање на нејзиниот сојузник и ги обвини САД и Европа за туркање либиски тип промена на режимот во Сирија, каде што Асад се обидува да го задуши 14-месечното востание што почна мирно, но стана многу милитаризирано. Сирија е дом на единственото пристаниште на руската морнарица во топли води надвор од поранешниот Советски Сојуз и е голем купувач на руско оружје.

Сирискиот амбасадор Башар Џафари ги повтори негирањата на неговата влада, наведувајќи дека масакрот е извршен од „вооружени терористички групи“ – термин на сириската влада за бунтовниците. Тој, исто така, го отфрли „цунамито од лаги“ од британските, фра��цуските и германските специјални пратеници, кои ја обвинија власта за масакрот. „Жени, деца и стари мажи биле застрелани. Ова не е белег на херојската сириска армија“, изјави Џихад Макдеси, портпарол на Министерството за надворешни работи пред новинарите во Дамаск.

Бан и Анан, специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, ги обвинија сириските власти за употреба на артилерија врз населени области. „Ова грозно и брутално злосторство во кое е вклучено неселективна употреба на сила е флагрантно кршење на меѓународното право и ангажманите на сириските власти да прекинат со употреба на тешко оружје во населени места и насилство во сите негови форми“, наведоа тие во нивната заедничка изјава во саботата.

Активисти на опозицијата посочија дека силите на Асад го гранатирале Хула по протестот и потоа судирот со борците од бунтот предводен од сунитски муслимани. Активистите наведоа дека „шабиха“ милицијата на Асад, која лојална на естаблишментот и во која доминираат членови на малцинската алавит секта, потоа искасапи десетици жртви или ги застрела.

Мајсара ал-Хилави изјави дека видел тела на шест мртви деца и нивните родители во ограбена куќа во градот. „Куќата на семејството Абделразак беше првата во која влегов. Мртвите тела на децата беа ставени едно врз друго, и беа или со пресечени грла или застрелани одблизу“, изјави Хилави, активист од опозицијата, во телефонскиот разговор од областа.

На видеозаписот дистрибуиран од активистите се гледа повредена жена, која вели дека го преживеала масакрот и ја обвинува шабиха милицијата за колежот. „Тие влегоа во нашите домови... мажите не собраа како овци во собата и почнаа да пукаат во нас“, вели жената. „Почина татко ми, и мојот брат, единствениот син на мајка ми. Седум сестри беа убиени“, вели жената легната до друга повредена жена и близу бебе со повреда во градниот кош.

Кина во понедленикот ги осуди „свирепите убиства“ на цивили во сирискиот град Хула, додека инсистира на тоа напорите на мировниот посредник Кофи Анан да останат најостварливиот начин за ставање крај на насилството во Сирија.

Во бомбардирањето на сириската армија на градот Хама се убиени најмалку 41 лице во последниве 24 часа, соопшти вчера опозициската група во градот. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 1933 пати.

Испрати коментар



Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Собранието ќе ја продолжи расправата за ребаланс на Буџетот
Најмалку 22 мртви во земјотресот во Италија
СДСМ
Собранието нема да одржи итна седница за НАТО и ЕУ
Работниците и газдите да не одат на суд
СДСМ ќе поднесе иницијатива за Национална стратегија за медиуми
Оригинален документ од предлогот на Нимиц во 2005 година
Отворена манифестацијата „Денови на занаетчиството 2012“
Нов бран и во ДУИ
Во администрацијата ќе се воведе систем заснован на компете��ции
Царината доби опрема вредна 30.000 долари
Рекорд во Германија - Сонцето замени 20 нуклеарни централи
Собранието расправа по ребалансот на Буџетот за 2012
Данци со сомалиско потекло уапени поради тероризам
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Нов земјотрес во Италија, бројот на загинати расте
Црвенковски - Груевски во 2005 одби предлог - Republic of Macedonia
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Ставрески
Џемс Бонд од нашиот сокак
Грчките вили пресолени за македонски купувачи
Агрок��мбинатот „Џумајлија“ во претстечајна постапка
Грчки историчар бара помош од Путин за Вранишковски
Ставрески - Економијата три пати подoбра од времето на СДСМ
Тешки криминалци во грчката „Златна зора“
Тешко повреден македонски државјанин во сообраќајка во Србија
СДСМ предлага мерки за реформа на јавната администрација
Иванов - Можеме да бидеме горди на македонските војници
Предавања на медицинскиот тим на „Аџибадем Систина"
Жена загина во експлозија на бомба на пазар во Бихаќ
„Темјаника“ на „Тиквеш“ доби бронзен медал во Лондон
Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 27 луѓе
Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Државата дава под закуп 8.703 хектари земјоделско земјиште
По поразот, Тадиќ се готви за премиер
Европско решение на спорот за името
Собранието ќе расправа за интерпелација на Ставрески
Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и Косово
Го бркал соседот со секира за паркинг-место
На Прометеј му облекоа гаќи
Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Осум цивили загинале во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



zagrizen i zgrozen, 29.05.2012 04:59:42
A gali e svetot besen za masakrite na NATO i USA kako ovoj vcera vo Avganistan?Kolku vakvi masakri imase vo poslednive godini vo Avganistan?Kolku deca i civili se masakrirani?Dali povtorno se gleda predvecerje na edna nova opravdana vojna, proizvedena vo monstruoznata kujna na USA i nivnite pajtasi/sateliti?Dali e svetot besen za vojnite vo Irak,Balkanot,Afrika kade bea masakrirani stotici iljadi civili pod parolata sirime demokratija?Tekstov citam e prenesen od Rojters.Dali mediumite povtorno imaat dvojni standardi slicni kako onie na Gebels vo Hitlerova Germanija?Dali istorijata ke dokaze deka se sto se zbidnuva vo Sirija e kreirano vo USA,GB,F,D?Isto kako sto veke za kratko vreme se pokazaa scenarijata na vojnite na Balkanot,Irak,Avganistan,Libija ... itn, se krvolocni specijaliteti podgotveni vo kujnite na USA i poltronite im, olicetvoreni vo NATO?
ирак, 29.05.2012 10:28:13
Све лаги и западна пропаганда ! Се објавуваат слики и снимки од Ирак 2003 , прелистајте по интернет кај независни медиуми, кои се се помалку и помалку.
девичанецот, 29.05.2012 11:03:51
До кога со вакви еднострани известувања? Светот секако не е бесен? за масакрите на пазарот во Ниш, за масакрот на новинарите во новинската куќа на Политика, за масакрите на НАТО во Ирак, во Авганистан, во Пкистан.. А ова во Сирија, не е масакр на Власта, туку инсцениран масакр, како тој што беше во Рачак. Жртвите се убивани со истрели од блиску и со ладно оружје, а не се жртви на бомбардирањето што наводно Власта го правела. Ама, за НАТО, се е колатерална штета, а за останатите тоа е масакр, геноцид..и што ти не уште што??

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |