28.05.2012, 13:26 Предавања на медицинскиот тим на „Аџибадем Систина"
Клиничката болница "Аџибадем Систина" со предавања и стручни консултации ќе учествува на настанот "Денови на здравје, нега и убавина" во организација на "Космо" дрогериите. Во "Центар Зебра" за синоќа од 18:30 до 19:00 часот беше закажано предавање на тема "Сезонски алергии кај деца" од д-р Тања Јованова, педијатар пулмоалерголог во болницата.
Сите заинтересирани граѓани имаат можност да се едуцираат и да добијат совети од медицинскиот тим на "Аџибадем Систина". Учеството на настани од отворен карактер, информираат од "Аџибадем Систина", се одлична можност за соработка и взаемна комуникација со граѓаните, што е и една од главните цели на Клиничката болница, да биде во постојан контакт со различни групи население, со цел едукација и подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје.
Денес од 18:00 до 18:30 часот предавање на тема "Меланом - рак на кожа" ќе одржи д-р Џенгис Јашар, патолог, а дутре од 18:30 до 19:00 часот на тема "Стафилококни инфекции на кожа" ќе говори д-р Билјана Ќурчик Трајковска, микробиолог. По предавањата докторите ќе бидат достапни за комуникација, совети и консултации.
|