Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
28.05.2012, 15:14
Хесједал ги освои Апенините



Канада го доби својот прв победник на Џиро ди Италија

Со пресврт во последната етапа, Рајдер Хесједал триумфира на Џиро ди Италија како прв Канаѓанец кому му успеало тоа во една од најпрестижните велосипедски трки во светот. Во решавачката 21. етапа, која се возеше на хронометар во Милано, Хесједал го освои шестото место и ја надополни разликата од 31 секунда што по Апенините ја имаше во однос на дотогашниот лидер, Шпанецот Хоаким Родригез од Катјуша, кој заврши 26.. Велосипедистот на Гармин-Баракуда оствари вкупно време од 91:39,02 часа, подобро за 16 секунди од тоа на второпласираниот Родригез во генералниот пласман.

„Ова е нешто неверојатно. Не можам да поверувам дека ми се случи вакво нешто. Ова е остварување на сонот“, изјави по трката Хесједал. „Немаше да успеам без силната поддршка од мојот тим. Сепак, на крајот останав свеж и со најмногу сили во однос на моите конкуренти и ја искористив шансата“.

Утешна награда за Родригез ќе биде црвената маичка наменета за велосипедистот со најмногу бодови. Шпанецот освои 139, еден повеќе од Британецот Марк Кевендиш од Скај, а Хесједал во оваа конкуренција е трет со 113 бода.

Трофејот за најдобар искачувач му припадна на Италијанецот Матео Работини, кој собра 84 бода во планинските етапи, а најдобар млад возач е Колумбиецот Ригоберто Уран, кој забележа вкупно време од 91:44,59 ч.

По последната етапа причини за радост имаше и Италијанецот Марко Пиноти, кој ја облече сината маичка благодарение на најдобриот пласман на хронометарската трка со време од 33:06 ч. Веднаш зад него се најде Велшанецот Џерант Томас со 39 секунди заостанување, а трет беше Џеси Серџент.

Конечен пласман: Рајдер Хесједал (Канада/Гармин) 91:39,02 ч., Хоаким Родригез (Шпанија/Катјуша) +16 сек., Томас де Гент (Белгија/Вакансоле)+1:39 мин., Микеле Скарпони (Италија/Лампре) +2:05 мин., Иван Басо (Италија/Ликвигас) +3:44 мин. итн. (Љ.В.)














Статијата е прочитана 199 пати.

Испрати коментар



Македонија одигра без голови и со Ангола
Чех во Челзи до 2016 година
Темелков се враќа за баражот со Австрија
Мекејлеб избран за МВП во Италија
Станиќ уште три години во Металург, Марковиќ оди во Гепинген
Мајами го доби првиот меч од финалето на Истокот
Љаиќ избркан бидејќи не ја пеел химната
Дел Боске го пречкрта Лопез
По Маури, и Конте на тапет за лажирање
Лазаров во идеалниот тим на завршниот турнир
Сан Антонио поведе против Оклахома Сити
Металург ја одбрани шампионската титула
Лазаров и Атлетико поразени во финалето на ЛШ
Ивановиќ и Кузнецова во второ коло
Вебер најбрз низ улиците на Монте Карло
Бостон закажа источно финале со Мајами
Македонија ремизираше со Португалија
Шумахер најбрз, пол-позицијата сепак за Марк Вебер
Коби Брајант десетти пат во најдобрата НБА-петорка
Гвардиола се прости од Барса со трофеј во шпанскиот Куп

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |