26.05.2012, 15:33 Коби Брајант десетти пат во најдобрата НБА-петорка
Покрај ѕвездата на ЛА Лејкерс, идеалната петорка ја сочинуваат и Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Крис Пол и Двајт Хауард
Коби Брајант е дел од најдобрата петорка во НБА-лигата што беше објавена денеска, а во која што покрај ѕвездата на ЛА лејкерс се наоѓаат уште и Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Крис Пол и Двајт Хауард.
Селекцијата на Коби во идеалните пет е негова десетта во кариерата (седма во низа), со што тој им се приклучи на легендите како Мајкл Џордан, Елџин Бејлор, Карим Абдул-Џабар, Боб Петит, Боб Кузи и Џери Вест, кои исто така по 10 пати биле дел од најдобрата петорка. Следната сезона суперстарот на Лејкерси ќе се обиде да се изедначи и со рекордерот Карл Мелоун, кој 11 пати бил дел од првата НБА пе��орка.
Леброн Џејмс собра најмногу номинации во гласањето за најдобрата НБА петорка спроведено помеѓу 120 познати спортски новинари и коментатори од САД. Крилото на Мајами Хит, кое ја доби и МВП наградата за најкорисен играч, доби 118 од можни 120 гласови.
Членови на втората петорка се Тони Паркер (Сан Антонио), Расел Вестбрук (Оклахома Сити), Кевин Лав (Минесота), Блејк Грифин (Клиперс) и Ендрју Бајнам (Лејкерс), додека третата најдобра НБА петорка ја сочинуваат Ражон Рондо (Бостон), Двејн Вејд (Мајами), Кармело Ентони (Њујорк), Дирк Новицки (Далас) и Тајсон Чендлер (Њујорк).
|