28.05.2012, 21:06 Џемс Бонд од нашиот сокак
Неколку илјади „андеркавер“ агенти од соседството и од големите сили имаат своја мрежа во Македонија
Неколку илјади тајни агенти од соседството и од големите сили имаат своја мрежа за прибирање информации во Македонија. Иако нема прецизен податок колкумина припадници на странските тајни служби се распоредени да ја извршуваат својата должност во земјава, разузнавачки извори велат дека станува збор за голема бројка на агенти, нивни соработници и „тастери“ кои се инфилтрирани на важни бизнис и политички позиции со цел да имаат пристап до сите податоци со кои ја „хранат“ службата која ги плаќа. Само поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ имал 2.200 агенти нa Балканот, од кои најмалку 150 биле стационирани во Македонија и работеле за српската Служба за државна безбедност.
Според извештајот од Форумот за улогата на поранешните тајни служби на Балканот, кој се одржал деновиве во Брисел, српски агенти се присутни и во другите поранешни ЈУ-републики. На Форумот присуствувале поранешни агенти, претставници од сите поранешните социјалистички држави, сега членки на НАТО, претставници и експерти за безбедност чија цел била да се анализира работата на поранешната Државна безбедност од 1949 година, до почетокот на 2010 година. (Д.Т.)
(Поопширно во печатеното и електронско издание на „Утрински“)
|